DIGIT.EMEA е специјален настан кој ја поплочува иднината на дигиталната економија и кој собира илјадници C-level глобални лидери, дигитални и технолошки претприемачи и основачи од 110 земји низ светот. Преку 250 првокласни светски предавачи и 80 часа на технолошко знаење, иновации и лансирање на продукти ќе бидат дел од овогодинешниот DIGIT.EMEA кој ќе се одржи во Истанбул од 18 до 19 ноември.
Мотото “Поплочување на дигиталната иднина” е поткрепено со 7-годишна историја на растеж на серијата глобалните Webit настани насекаде низ светот. DIGIT.EMEA ја истражува конвергенцијата во сите области на економијата. Се фокусира на медиа, адвертајзинг, дигитална забава, Интернет, Big Data, Cloud, пари и плаќања. DIGIT.EMEA ги поврзува бизнисите од денес и утре, воведувајќи нови технологии и презентирајќи нови бизнис модели. Тоа е еден од првите светски настани кој гради мост помеѓу компаниите и стартап светот за да соработуваат на полето на иновациите.
DIGIT.EMEA организира 2 големи паралелни настани:
– DIGITAL & INNOVATION SUMMIT
– TECH SUMMIT
заедно со повеќе саеми, работилници, тркалезни маси и приватни настани.
DIGIT.EMEA е светски нај-стартап-пријателскиот бизнис настан кои ги нуди сите потребни состојќи за компаниите да соработува со ‘најжешките’ глобални стартап проекти.
Повеќе информации на веб страната: www.digitseries.com/emea