Креативниот фестивал White Square 2021, еден од најголемите во Европа, е закажан да се одржи од 9 до 11 јуни во Минск, Белорусија. Кампањите можат да се пријават онлајн до 17 мај, а “early bird” понудата за учество важи до 28 февруари.
Секоја година, учество на фестивалот земаат претставници од повеќе од 30 држави ширум светот, вклучувајќи ги Германија, Франција, Шведска, Италија, Шпанија, Русија, Белорусија, Украина, Полска, Унгарија, Словенија, Бугарија, Романија, Турција, Ерменија, Грузија, Казахстан, Узбекистан, балтичките земји, државите од регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, а од минатата година и од САД, Перу, Бразил, Чиле, Кипар и Кина.
Натпреварувачката програма на фестивалот вклучува седум главни категории, при што категоријата DIGITAL вклучува 25 поткатегории – од создавање на дигитални алатки до промовирање на брендовите во дигитален контекст.
Пријавените проекти во категоријата DIGITAL ќе бидат оценувани од страна на меѓународно жири составено од претставници на светски водечките агенциски мрежи и локални дигитални агенции, личности со бројни награди на познатите меѓународни креативни и адвертајзинг фестивали, влучително и на Cannes Lions.
Целосниот состав на жири-комисиите на White Square 2021 ќе биде соопштен во март, а учество до сега потврдија Кори Круз, креативен директор на Wunderman Thompson од Сингапур, Чако Пуебла, соосновач и парнер во 23Rios Craftbeer од Шпанија, Маркус Даубенбушел, управен креативен директор на Ex Scholz & Friends од Германија, како и Влад Ситников, генерален креативен директор на POSSIBLE Group Moscow од Москва.
Резултатите на White Square се земаат во предвид при составувањето на индустриските ранг-листи како глобалниот креативен ранкинг AdForum Business Creative Report, глобалниот ранкинг TopFice, балтичкиот ранкинг на агенции, креативниот ранкинг на Естонската маркетинг асоцијација, ранкингот за креативност и ефективност на Асоцијацијата на комуникациски агенции на Русија, креативниот ранкинг на Централна Азија и Азербејџан, како и ранкингот за креативност на Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија.
Пријавувањето на White Square 2021 е едноставно и се врши целосно онлајн преку официјалниот веб-сајт. Притоа, постои можност за еден проект да биде пријавен во повеќе поткатегории, со што би се зголемиле шансите за победа.
Имињата на победниците и добитниците на награди ќе бидат соопштени за време на наградната церемонија на маѓународниот адвертајзинг фестивал White Square, која ќе биде емитувана онлајн и ќе може да биде проследена од страна на сите учесници. Финалистите и добитниците на награди ќе добијат широка промоција низ целиот свет, така што резултатите ќе бидат публикувани во преку 50 меѓународни медиуми кои ја следат индустријата.
Победниците од минатогодишното издание, како и сите подетални информации за фестивалот White Square можат да се прегледаат на веб-сајтот adfest.by.