Глобалните огласувачи ја препознаа важноста на вложувањето во дигиталното огласување бидејќи неговиот удел во целокупниот огласувачки буџет се движи само нагоре.
Се проценува дека огласувањето во дигитал во 2016 година изнесувало околу 33%, а прогнозите се дека до крајот на 2018 година уделот во дигиталното огласување ќе премине 37%. Додека вложувањето во дигитал и понатаму расте, вложувањето во телевизиското огласување повеќе нема да биде во фокусот на огласувачите, затоа што следната година се очекува пад од 1,5% во однос на изминатата година. Затоа, 2018 година треба да биде одлучувачка година во која вложувањата во дигиталното огласување ќе го надмине вложувањето во телевизиското со 37,5% на глобално ниво. За овај глобален раст посебно придонесува Обединетото Кралство чијшто огласувачи без соменение ги слушаат навиките на своите потрошувачи; во оваа година процентот на вложување во дигиталното огласување би требало од минатогодишните 52% да порасне на дури 55%.
Но, не изостанува ни САД во кои процентот од 35,8% во следната година спрема предвидувањата ќе порасте на 38,4%. Уште повеќе, во САД веќе 2017 година би била пресвртна година, бидејќи уделот во дигиталното огласување би требало да го надмине она на телевизијата за речиси 3%.
Значајно е да се спомене и тоа што во САД мобилното огласување, како дел од вложувањата во дигиталното огласување, завзема поголем дел од колачот – во текот на оваа година се очекува пораст на вложувањата од 3,5%. Зошто токму мобилно огласување? Огласувачите во САД не кријат дека своите потези ги базираат на актуелните податоци за медиските навики на своите потрошувачи. Во периодот од 2014 до 2020 година се очекува пораст на „мобилните корисници“ од дури 17 милиони!