Економските загуби кои произлегуваат од нелегалното споделување на дигитални содржини предизвикуваат не се само финансиски, туку и губење на најмалку 230 илјади работни места, се проценува во студијата
Најновата студија, спроведена и објавена од Американската стопанска комора, се занимава со појавата на дигиталната пиратерија и штетата што таа ја прави за американската економија. Според проценките кои се презентирани во оваа студија, речиси 80% од пиратеријата во денешно време отпаѓа на нелегални услуги за видео стриминг, кои сега го претекнаа BitTorrent, како и на други сервиси за нелегално превземање содржини.
Макроекономското моделирање, со кое се послужиле истражувачите, покажало дека пиратеријата “ја чини” економијата на САД над 29 милијарди долари годишно – толку, всушност, изнесува најмалата проценета загуба во приходите предизвикани од нелегалното споделување на дигитални содржини. Како проценките се движат од 11% до 24%, загубата би можела да биде и до 71 милијарда долари.
Покрај директните финансиски загуби, негативното влијание врз економијата е исто така евидентно и во губењето на работни места. Проценките велат дека поради дигиталната пиратерија, вработеноста во САД е пониска, од 230 до 560 илјади работни места.
Методологијата со која се добиени овие податоци ги зема во предвид бројот на илегални дигитални прикажувања на филмови и серии и нивната пазарна вредност, односно колку гледачите би требало да платат доколку се` што гледаат на овај начин би мореле да го купат. Проценките се однесуваат исклучиво на економијата на САД, но вклучуваат нелегални преземања и стриминг видеа од американско потекло како во САД, така и во остатокот од светот.