Според податоците кои ги изнесе Раде Тричковиќ од агенцијата Httpool, вредноста на пазарот за дигитален маркетинг во Србија, во изминатата 2017 година, изнесувал 29,48 милиони евра со што онлајн огласувањето во вкупниот огласувачки колач во земјата учествува со 15% до 20%.
Овие бројќи беа деновиве презентирани како извадок од AdEx 2017 истражувањето за Србија презентирано на Digital Day конференцијата.
Тричковиќ посебно напоменува дека новите статистики се охрабрувачки и подобри во однос на оние од 2016 години, но сепак и понатаму Србија е далеку од најразвиените земји од Западна Европа.
Растот на пазарот за дигитален маркетинг од годината претходно, во 2017 изнесувал дури 25,2%. Вредноста на mobile огласувањето е 12,99 милиони евра а paid for search категоријата вредела 4,21 милион евра (со раст од 22%).
Доколку погледнеме на делот Local display, евидентен е растот во 2017 од 6,1% со вкупна вредност од 9,7 милиони евра.