Божиновски часовници и накит ја продолжи традицијата на доделување на наградата „Дијаманти на кинематографијата“, во склоп на фестивалот „Браќа Манаки“. Оваа година дијамантите ќе заблескаат во рацете на годинешните лауреати: композиторката Џозелин Пук и австрискиот кинематограф Кристијан Бергер.
Врачувањето на наградата со оглед на ситуацијата се случи во интимна атмосфера во просториите на „Божиновски часовници и накит“ на Широк Сокак во Битола.
„Што може повеќе да кажеме за двајцата добитници, од тоа што за нив го зборуваат нивните ремек дела. Mоже само да ни биде чест што Битола, а со тоа и Божиновски часовници и накит, е дел светската филмска кинематографија. Фестивалот Манаки е најголемиот дијамант кој Битола го има како град, треба да го брусиме, да го негуваме, да го живееме и од година во година да го правиме се посјаен,“ истакнуваат од Божиновски часовници и накит.
Оваа година, Божиновски часовници и накит како долгогодишен партнер на фестивалот се впушти во позначајна авантура, ангажирајќи го целитот човечки и креативен потенцијал на компанијата со цел да ја збогати OFF програмата на фестивалот. Целта е како што велат од Божиновски, радоста кон фестивалот да се врати кај битолчани, да го живеат и да бидат горди што се дел од ова случување.
Наградата „дијаманти на лауреатите“ која традиционално се доделува веќе четири години, до сега ја имаат добиено преку 15 звучни имиња од светот на кинематографијата, како американскиот кинематограф и режисер Едвард Лахман, грчкиот кинематограф Јоргос Арванитис, германскиот режисер и продуцент Фатих Акин, шпанскиот кинематограф Хосе Луис Алкаине и други, меѓу кои и нашиот, а светски – Милчо Манчевски.