Брендот на чипс Doritos ја лансираше својата нова кампања во пресрет на претстојниот Супер Боул, наменета за промоција на чипсот со „експлозивен“ вкус на луто чили пиперче и кисела лимета – Doritos Dinamita.
Во централниот спот на кампањата се запознаваме со ликовите на Дина и Мита – две повозрасни жени кои се подготвени да направат сè за да дојдат до нивниот омилен чипс.
Рекламата започнува со сцена во маркет каде двете жени пазарат заедно со младата актерка Џена Ортега, кога актерот Дени Рамирез го зема последното пакување на Doritos Dinamita пред нивните очи. Следува надреална бркотница по градските улици, а вкусниот и зачинет чипс ги поттикнува Дина и Мита да се пробијат низ сите пречки кои се појавуваат помеѓу нив и омилената закуска.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Goodby Silverstein & Partners.