Disney се подготвените да предизвикаат нови бранувања во забавната индустрија со купувањето на филмското студио „20th Century Fox“ за 71 милијарда долари и неговото ребрендирање во „20th Century Studios“.
Неодамна беше објавено и новото лого на преименуваното студио кое нема некои драматични измени, освен, се разбира, отфрлањето на „Fox“ од името и неговото заменување со „Studios“.
Дизни исто така го ја преименува и art-house продукциската компанија „Fox Searchlight Pictures“ во „Searchlight Pictures.“ Меѓутоа, сѐ уште нема консензус како ќе се преименуваат телевизиските продукциски единици „20th Century Fox Television“ и „Fox 21 Television Studios“.
Новото лого на преименувата „20th Century Studios“ за прв пат официјално ќе се појави на премиерата на „The Call of the Wild“ на 21 февруари, симболично затворајќи круг од 85 години, имајќи во предвид дека и последниот филм кој беше публикуван од страна на „20th Century Pictures“ пред студиото да биде купено од страна на Fox беше истоименуваниот „The Call of the Wild“ од 1935 година.
Која е причината позади преименувањето на студиото останува неразјаснета, при што некои шпекулираат дека Disney сака да ја елиминира секоја асоцијација со Fox News.