Наспроти верувањето дека користењето на социјалните мрежи не предизвикува посебна емоција, резултатите од невро-студијата покажаа дека зад секое скролање или лајк на испитаниците, се крие екстремно чувство на среќа – еуфорија.
За повеќето луѓе, присуството на Инстаграм или Фејсбук е секојдневна рутина која што речиси и не ја забележуваме и за која сметаме дека не предизвикува посебни емоции кај нас. DIRECT MEDIA United Solutions го спроведе првото невро-истражување во Србија со цел да провери како социјалните мрежи навистина влијаат на нашиот мозок.
За време на истражувањето, испитаниците биле замолени да се однесуваат како што би се однесувале вообичаено кога користат Фејсбук и Инстаграм, додека истовремено со современа невротехнологија се забележувала активноста на нивниот мозок и емоционалната реакција.
Наспроти верувањето дека употребата на социјални мрежи не предизвикува посебна емоција, резултатите од невро студијата покажаа дека зад секое скролање или лајк на испитаниците се крие екстремно чувство на среќа – еуфорија. Во мозочните бранови на испитаниците е забележана возбуда, голема посветеност на содржината, со мал замор на мозокот – таканаречена „совршена бура“ за која често не сме свесни или не сакаме да си признаеме на себеси.
„Терминот „совршена бура“ се користи кога опишуваме појава во која повеќе поединечни фактори се здружуваат за да создадат совршен момент, како што е случајот со користење на социјалните медиуми, како што се покажа во оваа студија. Интересно, а во исто време и отрезнувачки е тоа што испитаниците не биле свесни за нивните емоционални реакции за време на истражувањето и тоа што никогаш не би ја поврзале емоцијата на „еуфорија“ со присуството на социјалните мрежи, а што беше потврдено во ова истражување. Благодарение на развојот на невро-технологијата, сега можеме да откриеме што се случува во тој несвесен дел од мозокот, кој обработува многу повеќе информации на дневна основа“, вели Љубица Вукчевиќ, раководител за анализа на податоци и увид во DIRECT MEDIA United Solutions .
Невро-студијата исто така покажа дека мозокот на испитаниците, додека тие биле на Инстаграм и Фејсбук, реагирал негативно на телефонски повик или несоодветна реклама или спонзорирана објава, бидејќи овие содржини, доколку не се креирани во согласност со нашите интереси, го прекинуваат очигледното задоволство на користење на социјалните мрежи. Со цел да го задржиме нивото на хормонот на среќа кој се создава при користење на социјални мрежи, ние ќе сакаме да останеме што е можно подолго онаму каде што ни е убаво, а така се создава зависност.
„Успехот на социјалните мрежи е несомнен. Ова е потврдено како со бројни академски студии на оваа тема, така и со ова невро-истражување. Но, клучната разлика во сето тоа, дури и кај социјалните мрежи, е како ги користиме. Кога дојдовме до идејата да ја спроведеме оваа иновативна студија, нашата цел не беше само да добиеме длабински увид во несвесните емоции на потрошувачите, што дополнително ќе ни помогне да создадеме подобри комуникациски стратегии, туку и да повикаме на поодговорно користење на социјалните мрежи“, изјави Милица Марковиќ, менаџер за корпоративни комуникации во DIRECT MEDIA United Solutions.
Direct NEURO истражувањата се спроведуваат со помош на досега највисок квалитет на технологија и современа опрема за Eye-tracking (следење на очите), EEG (Electroencephalography, односно мерење на активноста на мозочните бранови ), GSR (Galvanic Skin Response или мерење на реакција преку препотување), анализа на лицето и гласот.
Зад името Direct NEURO, стои искусен тим на невролози со светски референци и бројни истражувања и студии. Користејќи најсовремена невротехнологија, тие ќе ги испитаат несвесните реакции на потрошувачите, на пораките кои се пласираат преку реклами и содржини на социјалните медиуми. Покрај маркетингот, голема област на примена на оваа технологија наоѓа и во човечките ресурси.