Една од најголемите регионални медиски агенциски групации Direct Media d.o.o. стана сопственик на 10% од капиталот на Pink International Company, еден од најголемите медиумски конгломерати во регионот.
Direct Media постои веќе 14 години и работи во осум земји од регионот (Србија, Македонија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Албанија, Бугарија и Хрватска). Порано беше во сопственост на поранешниот градоначалник на Белград и лидер на демократската парија Драган Џилас, а од 2013 година е во сопственост на бугарскиот бизнисмен Красимир Гергов.