Медиумите се менуваат, а времето поминато во користење на медиуми се зголемува. Ова го покажаа и податоците на Нилсен за првиот квартал на 2019 година, според кои корисниците дневно поминуваат 11 часа и 45 минути во интеракција со медиумите – телевизија, уреди поврзани со ТВ, радиа, компјутери, паметни телефони и таблети – што претставува дополнителни 21 минута изложеност на медиуми на сите платформи во споредба со првиот квартал од 2018.
„Во областа на медиумите, непроменлива е единствено промената, а фрагментацијата е новиот стандард. Луѓето постојано ги менуваат медиумите кои ги користат, начините на кои ги користат, како и времето кога ги користат, поради што денес и почесто од порано, мораме да бидеме во чекор со навиките за комзумација на медиумите. Ние продолжуваме со истражувања со цел недвосмислено да ги упатиме брендовите таму каде што се нивните потрошувачи “, изјави Љjубица Вукчевиќ, Head of Research &Insight во DIRECT MEDIA United Solutions.
Меѓу медиските трендови за 2020 година кои ги издвои DIRECT MEDIA United Solutions се наоѓаат оние кои се пренесени од претходната година, надоградени преку микротренд или нова област на примена или пак, целосно нови трендови, чија подолга примена времето допрва ќе ја потврди:
Видео
Во светот, потрошувачката на видео содржини постојано се зголемува. Така, според ТГИ Србија, 76% од корисниците на интернет конзумираат видео содржини, додека речиси половина од корисниците на интернет гледаат видео содржини повеќе од два часа на ден. Овој тренд го препознаа и огласувачите, така што во 2018 година речиси 20% од дигитал миксот го зазема видео форматот. ИАБ Србија, исто така, забележа раст на видеото – дури 53% во 2018 година. Видеото ќе биде актуелно и во 2020 година, но во рамките на целокупниот тренд, ќе се променат одредени микро-трендови:
- Video- first платформите стануваат поважни од mobile-first
На локациите на постоечките социјални мрежи, видео записите се рангирани повисоко од сите други типови на објави, бидејќи тие природно го поттикнуваат ангажманот на корисниците, а новите видео апликации секојдневно го преплавуваат пазарот (TikTok, Lasso и byte се само некои од најпопуларните примери оваа година).
- Подолги форми на видео записи
Иако нема сомнение дека корисниците лесно ги обработуваат пократките видеа, тие не им овозможуваат на брендовите да воспостават емотивна врска со корисниците што ќе остави трајно влијание врз нив. Подолгите видеа овозможуваат прикажување содржина која ќе остане во сеќавањето на корисниците или ќе придонесе за нивна едукација – без разлика дали станува збор за производи или вредности за брендот.
Доба на сеприсутна телевизија
Соединувањето на интернетот и телевизијата сè повеќе нè води кон сеопфатно, трансформирано медиско искуство. Трендовите за кои зборувавме минатата година – пристапот на барање, видеото на барање, самостоен стриминг, прикажување на повеќе екрани, флексибилни претплати, оригинална содржина, ќе бидат присутни и во 2020 година. Регионалните провајдери ја сфатија важноста на стриминг платформите кои доживеаја уште поголема експанзија во 2019 година. Ако го следиме иновативното телевизиско огласување, United Media го започна проектот Vida, единствениот во овој дел на Европа кој обезбедува адресирано ТВ-рекламирање. Ова огласување е комбинација од најдобрите страни на телевизија и дигитал, комбинација каде што може да се добие моќта на големиот екран и можност за точно таргетирање и прецизно мерење од интернет. Специфично за Vida е дека ова е една од трите платформи во светот што овозможува менување на рекламни блокови во програма во живо.
Инфлуенсер маркетинг
Расте бројот на влијателни личности на социјалните мрежи, а следствено на тоа се зголемува и потрошувачката за маркетинг од страна на компаниите во областа на маркетингот со инфлуенсери. Кај нас, инфлуенсерите на социјалните мрежи најмногу се вклучени во кампањи за подигнување на свеста, наспроти глобалниот тренд. Поголема промена на нашиот пазар оваа година е што фокусот од Инстаграм инфлуенсери се префрли повеќе кон YouTube инфлиенсери.
Објави со можност за купување
Трговијата на социјалните медиуми во светот е веќе на пат да стане главен малопродажан канал во рангот на другите медиуми, како што се веб-страниците и физичките продавници. 72% од корисниците на Инстаграм купиле некој производ преку оваа апликација.
Ефемерни содржини
Instagram и Snapchat Stories се совршени примери за такви типови содржини. Истражувањето на генерацијата Z спроведено од DIRECT MEDIA United solutions и IPSOS јасно покажува дека се соочуваме со генерација која се грижи за она што другите мислат за нив. Тоа е причината зошто ефемерната содржина е погодна за нив – онаа која се задржува само кратко време и исчезнуваат. Според неодамнешниот извештај на компанијата Hootsuite, 64% од маркетерите веќе вклучиле приказни на Instagram во нивните стратешки планови или имаат намера да го сторат тоа.
Алтернативни платформи
Во 2019 година, корисниците поминувале повеќе време на платформи како Snapchat, Pinterest и TikTok, кои веќе имаат околу 500 милиони активни корисници. Според бројот на превземања, TikTok е рангиран повисоко од Twitter, Linkedin, Pinterest и Snapchet. Во јануари оваа година, таа беше најзастапената апликација на Android платформата.
Формирање заедница на социјалните мрежи
Додолку на темата анксиозни генерации, го додадеме и се` поголемиот проблем со видливоста на содржината на интернет, не е ни чудо што затворените заедници и групи го доживееја својот процут во 2019 година. Еден од најдобрите примери е сајтот „Редит“ која има повеќе посетители од „Гардијан“, „Нетфликс“ и „Линкедин“ и повеќе влијание од „Твитер“. Само на Фејсбук има околу 400 милиони активни групи. Доколку брендовите сакаат нивниот бизнис да преживее во услови на органски социјални мрежи во 2020 година, овој вид на хуманизација на брендовите ќе биде неопходна.
Детален приказ на Медиските трендови за 2020 година ќе биде поставен на сајтот www.directmedia.biz