На овогодинешното доделување на Hot Spot eCommerce Awards, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Србија, агенцијата Direct Media United Solutions уште еднаш го освои признанието за најдобра агенција за поддршка на онлајн продажбата.

Ова признание ја позиционира Direct Media меѓу лидерите во е-трговијата и ја потврдува клучната улога на агенцијата во развојот и унапредувањето на онлајн продажбата на српскиот пазар.
„Ова признание се смета за едно од најрелевантните во областа на е-трговијата во Србија и потврдува дека нашите клиенти и партнери ги препознаваат конкретните резултати што ги постигнуваме во развојот на online продажбата. Со интеграција на медиуми, податоци, технологија и креативни решенија, градиме стратегии што носат мерлив раст и долгорочна вредност. Ќе продолжиме да инвестираме во иновации и аналитика со цел да им овозможиме на клиентите уште поефикасни и поконкурентни e-commerce перформанси“ – изјави Марија Матиќ, директорка за стратегија и клиенти во Direct Media, при доделувањето на наградата, која во име на агенцијата ја прими Ива Кованџиќ Ранковиќ, раководителка за интегрирана стратегија и раст.
Организаторот на доделувањето на признанијата, Асоцијацијата за е-трговија на Србија, ги обединува клучните чинители на дигиталниот екосистем на српскиот пазар со цел негово унапредување, промовирање безбедна интернет-трговија и едукација на потрошувачите и трговците.
















