Вработените во DIRECT MEDIA United Solutions во Подгорица се приклучија на одбележувањето на Меѓународниот ден на чистење, што се одржа во саботата, 21 септември во Црна Гора. Заедно со претставници на повеќе невладини организации, Делегацијата на Европската унија и други љубители на природата, тие собраа околу сто килограми ситен отпад во близина на никшичкото езеро Крупац.
На акцијата, организирана од невладината организација „ Zero Waste Montenegro“ во соработка со НВО Наша акција и под покровителство на Делегацијата на ЕУ и Инфоцентарот на ЕУ, присуствуваа претставници на Озон, Коалиција за одржлив развој, чувари на Буковица, Зета.
Пластични и стаклени шишиња, лименки, чаши, кеси, хартиен отпад, се селектирани во околу шеесетина вреќи, а домаќин на акцијата беше еколошкото движење Озон.
Ова не е прва еколошка волонтерска активност на вработените во DIRECT MEDIA United Solutions во Подгорица. Во годината на одбележување на петнаесет години успешно работење на DIRECT MEDIA United Solutions, вработените од Црна Гора дадоа свој придонес за заедницата со донирање и засадување 100 садници на ридот Горица.
Во тоа време, на омиленото излетничко место во Подгорица, никнаа нови садници на чемпрес, даб и црн јасен, кои ги засадија вработените во DIRECT MEDIA United Solutions Подгорица, со помош на ЈУ „Зеленило“ и „Здружение на љубители на Горица“, инаку активни учесници на бројни акции, насочени кон заштита на природата на овој парк.