Димитар Ковачевски, досегашен директор на повеќе сектори во Телеком, од денеска е нов извршен директор на оне.Вип, дознава Фактор.
Ковачевски на престижната директорска позиција го наследува Никола Љушев.
Овој трансфер претставува своевидна „бомба“ во телекомуникацискиот бизнис, особено ако се има предвид завидната кариера на Ковачевски во Телеком и како директор на секторот за комуникации и како прв човек во прдажбата.
Ковачевски важи за исклучително посветен, човек од кариера со извонредно образовно и бизнис портфолио. Раководењето со компанијата оне.Вип го презема во време на изедначена конкурентска битка на пазарот на двата мобилни телекомуникациски оператори.
Тој, според информациите на Фактор, функцијата ја презема во текот на денот, кога ќе биде и официјално претставен во компанијата.