Овогодинешното 25-то издание на фестивалот на креативноста Golden Drum ќе се одржи под мотото „Revealing the fuel of inspiration“ („Откривање на горивото за инспирација“), прославувајќи го јубилејот во друштво на исклучителни луѓе. Еден од нив ќе биде и словенецот Давид Пивк, кој се придружи на европската канцеларија на Nike во Амстердам пред 6 години и денес работи со најголемите светски фудбалери и создава привлечни приказни. Повеќе од 30 говорници од светска класа се најавени на фестивалот, што сигурно е добра причина за да се посети помеѓу 17 и 19 октомври во Хотел Словенија во Порторож. Делегатите имаат можност да изберат помеѓу неколку опции за регистрирање на фестивалот, а до 13 август ќе можат да ги фатат и „Early Bird“ регистрациите.
Фестивалот Golden Drum ќе биде домаќин на директорот за бренд комуникации на Nike за Европа, Блискиот Исток и Азија, словенецот Давид Пивк, кој има работено на кампањи за Светското и Европското фудбалско првенство, како и за Зимските олимписки игри во Сочи. Тој има голема страст за фудбалот и новите технологии и на подиумот на Golden Drum ќе зборува за овогодинешното Светско фудбалско првенство во Русија. На говорницата ќе му се придружи и Евгениј Примаченки, креативен директор на Wieden+Kennedy Amsterdam, кој исто така соработува со Nike. Евгениј има добиено бројни награди и два пати е прогласен за најнаградуван креативец во Русија и „Личност на годината“ во руската адвертајзинг индустрија.
Јубилејната 25 годишнина на фестивалот ќе биде одбележана и со исклучителна конгресна програма, вклучувајќи го и присуството на Бери Ваксман, извршен потпретседател и глобален директор за стратегија во агенцијата R/GA од Њу Јорк. Откако станал дел од R/GA, агенцијата органски го зголемила својот број на вработени од 50 луѓе на 2,000 луѓе. Бери е еден од клучните архитекти на визијата на R/GA за „Епохата на поврзување“, фокусирајќи се на растечките брендови преку поврзан екосистем на производи и услуги. Бери е коавтор на книгата „Connected by Design“, во која го има развиено концептот на „функционална интеграција“ за да го објасни бизнис моделот на гигантите како Apple, Google и Amazon, како и појавата на нови категории како поврзаниот дом, поврзаниот автомобил и поврзаните финансиски услуги. Во 2015 година, R/GA беше прогласена за „Агенција на годината“ на најголемиот светски фестивал на креаивноста Cannes Lions.
Присутните гости ќе имаат можност да ја слушнат и Марија Милушева, креативен директор и партнер во Nobel Graphic TBWA и член на жирито на WHAT. Таа ќе инспирира со својот говор „PMS jokes are not funny. Period.“, во кој ќе открие некои од прашањата кои и’ се вртеле во глава кога ги правела најголемите грешки во животот. За напуштањето на комфорт зоната со цел да се открие магијата ќе зборува Жозефина Ричардс, креативен директор на INGO Stockholm и претседател на жирито за натпреварот Young Drummers. Минатата година таа се најде на листата на топ 10 креативни директори во светот според AdWeek и има добиено преку 60 награди на разните креативни фестивали низ светот.
За време на трите фестивалски денови во Порторож, гостите ќе имаат можност да се сретнат и со голем број на други врвни експерти кои ќе споделат дел од своето искуство на прашањето на инспирацијата и „жарта“ која ги поттикнува: Жан Жел де Боер, креативен стратег во MediaMonks од Холандија, Сер Џон Хагерти, основач и креативец во Bartle Bogle Hagerty од Обединетото Кралство, Џастин Билингслеј, извршен креативен директор во Publicis Emil од Обединетото Кралство, Стефан Лерке, извршен креативцен директор во World Federation of Advertisers од Белгија, Мартина Обертова, основач и директор на Meaning.Global од Обединетото Кралство/Чешка Република, Мајлин Свилденс, директор во ZOO EMEA од Франција и многу други.
Младите креативци под 30 години ќе имаат можност да бидат дел од традиционалниот натпревар Young Drummers за најдобар и најкреативен постер со мотив и слоган која ќе го зацврсти имиџот на градот Пиран како родно место на славниот виолинист Џузепе Тартини. Со овој натпревар, градот Пиран сака да го нагласи својот статус како град-музеј чија историја е силно одбележана со појавата на Тартини. Натпреварувачот чиј постер најдобро ќе се вклопи во условите и ќе успее да го дофати шармот на Пиран ќе добие награда од 3,000 евра и бесплатен влез за целосната програма на Golden Drum 2019. Пријавите за наптреварот треба да се достават до 10 септември 2018.
Пријавените плакати за натпреварот Young Drummers ќе бидат жирирани од петмина искусни креативци: Жозефин Ричардс, креативен директор на INGO Stockholm, Митја Бокун, илустратор и креативен директор од Словенија, Софија Бугајна-Касдепке, директор за развој на MSLGROUP за Централна и Источна Европа од Полска, Јоханес Невркла, партнер и соосновач во Merlicek & Grossebner и извршен генерален директор на Bluetango од Австрија, како и Игор Новел, директор во Tourist Board Portorož од Словенија.
Повеќе информации на официјалниот веб-сајт www.goldendrum.com.