Синди Холанд, потпретседател на Netflix и директор за оригинални содржини, ја напушта компанијата после 18 години. Холанд имаше клучна улога во развојот на Neflix од компанија која испраќа ДВД филмови по пошта, до најголема светска стриминг-платформа на оригинални филмски содржини.
На нејзино место доаѓа Бела Бахарија, која ќе ја врши функцијата на потпретседател и глобален директор за телевизија. Бахарија досега го водеше одделот за програмски содржини од неанглиско говорно подрачје, но сега ќе биде задолжена за сите оригинални содржини на Netflix.
Промените доаѓаат месец и половина по назначувањето на Тед Сарандос за ко-извршен генерален директор на Netflix, кој за цел си го постави „поедноставувањето на начинот на кој оперираат нашите тимови“.