Дирк Геркенс е именуван за извршен директор на бугарската NOVA Broadcasting Group, дел од United Media, почнувајќи од 21 февруари 2024 година. Како член на Одборот на директори и директор за програмирање, продукција и огласување на United Media, тој има 25-годишна кариера во телевизиската индустрија. На функцијата ја наследува Стефана Здравкова.
Пред да се приклучи на United Media, Дирк Геркенс беше извршен директор на RTL Klub и TV2 во Унгарија. Дирк Геркенс е длабоко вклучен во интеграцијата на NOVA Broadcasting Group откако таа беше купена од United Group во 2020 година. Тој претходно успешно ја комбинираше својата лидерска улога во United Media со неговата улога како извршен директор на бугарската телевизија Nova од 2021 до 2022 година.
„Уверена сум дека Дирк ќе обезбеди успешно продолжување на нашето работење во NOVA Broadcasting Group како искусен медиумски експерт со драгоцено познавање на бугарскиот пазар. Ѝ благодариме на Стефана за нејзиниот ангажман“ – посочи генералната извршна директорка на United Media, Александра Суботиќ.
Стефана Здравкова беше назначена за извршен директор на NOVA Broadcasting Group во 2022 година. Претходно, служеше како извршен директор на NetInfo од јуни 2019 до мај 2022 година.