Продукцисата куќа Disney е најновата компанијата која се приклучува кон бојкотот на Фејсбук, пренесува Wall Street Journal. Според неименувани извори, Disney целосно го прекинува огласувањето за стриминг сервисите Disney Plus и Hulu на социјалните мрежи на Фејсбук. Од двете страни одбиле да коментираат.
Важно да се истакне е дека Disney е всушност најголемиот огласувач на Фејсбук во изминатите 6 месеци, според информациите на истражувачката агенција Pathmatics. Продукциската куќа потрошила 210 милиони долари само за огласување на стриминг сервисот Disney Plus на Фејсбук во првите шест месеци од 2020 година, како и 16 милиони долари за огласување нa Hulu на Инстаграм (во сопственост на Фејсбук) во периодот од април до јуни.
Досега кон бојкотот на Фејсбук се приклучија стотици компании ширум светот, меѓу кои и Coca-Cola, Starbucks, Verizon, Ford, Unilever и други, во обид да го натераат Фејсбук да воведе построги правила за спречување на говорот на омраза на својата платформа. Иницијална каписла беше одбивањето на Фејсбук да цензурира објава на американскиот претседател Доналд Трамп со наводно „насилна содржина“.
Фејсбук годишно заработува околу 70 милијарди долари од над 8 милиони огласувачи ширум светот.