Медиската корпорација Disney соопшти дека ја именуваше Сузан Арнолд за претседател на бордот на директори. Таа воедно ќе биде првата жена која стапила на оваа функција во 98-годишното постоење на Disney.

Сузан Арнолд доаѓа на местото на Боб Игер, кој беше претседател на Disney од 2012 години, а ја напушта позицијата на 31 декември.
Арнолд била дел од бордот а директори на Disney веќе 14 години, а во 2018 година била назначена за независен водечките директор на компанијата. До оваа година таа исто така била оперативен директор на Crlyle Group, од 2007 до 2009 година била претседател на глобалните бизнис оддели на Procter & Gamble, а од 2008 до 2016 година била дел и од бордот на директори на McDonald’s.
„Со тоа што најскорешно ја извршуваше функцијата на независен водечки директор, Сузан е совршениот избор за претседател на бордот на дирекори и јас сум убеден дека компанијата е добро позиционирана за континуиран успех под нејзино водство“ – посочи досегашниот претседател Боб Игер во соопштението на Disney.