The Walt Disney Company ја лансираше својата божиќна реклама за 2020 година – триминутен анимиран спот кој раскажува емотивна приказна за една баба, нејзината внука и семејните традиции кои нив ги поврзуваат.
Рекламата е дел од празичната кампања “From Our Family To Yours” („Од нашата фамилија до вашата“), одбележувајќи го 40-годишното партнерство со детската хуманитарна организација Make-A-Wish. Рекламата ќе биде емитувана во 26 држави во Европа, како и во Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка и делови од Азија.
Приказната е инспирирана од теми како традицијата, семејното заедништво и ностагијата, претставувајќи ги ликовите на бабата Лола и нејзината внука. Во центарот на приказната се наоѓа стара играчка од Мики Маус, која бабата ја добила како дете од својот татко во 1940 година. Со секоја измината година, играчката го симболизира детството на бабата, но и поврзаноста со нејзината внука, доведувајќи до емотивно изненадување на божиќното утро.
Заедно со рекламата, Disney лансира и вистинска лимитирана серија на оваа играчка, која ќе може да се купи од The Disney Store. Приходите од продажбата ќе бидат донирани на организацијата Make-A-Wish.
Рекламата е пропратена со новата песна “Love Is A Compass” на младата британска пејачка Griff. Песната е достапна за купување и симнување од 9 ноември, а за секое симнување пред 31 декември 2020, Disney исто така ќе ги донира приходите од песната на организацијата Make-A-Wish.
Компанијата ги охрабрува своите фанови на социјалните мрежи да ги споделат своите минати и сегашни празнични спомени со хаштагот #LoveFromDisney. За секој споделен спомен, Disney ќе донира по 1 американски долар на Make-A-Wish, до 100.000 долари.