Џамал Ал Мауед, Регионален менаџер за односи со јавност и корпоративни комуникации за регионите на Близок Исток, Африка, Централна Азија, Кавказ и Јужна Америка за Rolls Royce Motor Cars, е еден од клучните предавачи на Marketing Kingdom Skopje, најголемиот меѓународен маркетинг-настан, кој се одржува на 30 септември во Хотел Александар Палас во Скопје.
Во својата улога како Регионален менаџер за односи со јавност и корпоративни комуникации во Rolls Royce Motor Cars за регионите на Близок Исток, Африка, Централна Азија, Кавказ, и Јужна Америка, Џамал Ал Мауед ги надгледува комуникациите на брендот на четири континенти, на повеќе јазици. Емират со палестинско и британско потекло, Џамал, е двојазичен роден говорител на англиски и арапски јазик, со локално искуство во односи со јавноста во над 20 земји. Тој е и судија на годишните Награди на здружението за односи со јавност на Блискиот Исток (МЕПРА) и Наградите за односи со јавност на арапскиот форум за луксуз, клучен предавач, универзитетски предавач-гостин, а во 2010 год. ја доби и наградата „Млад комуникатор на годината“ на МЕПРА.
Неодамна седнавме со Џамал и го замоливме да ни даде 5 совети за македонските професионалци за маркетинг и комуникација.
- Употребувајте ја мрежата која ја користите: Мора да ги читате, гледате и следите мрежите, пред да ги употребите за да ја раширите вашата порака. Не можете да разговарате со новинар за вашиот бренд ако не сте ги прочитале неговите стории или изданија и не можете да ги искористите влијателните личности на социјалните мрежи ако не ги следите. За да допрете до некоја публика мора да станете дел од неа, барем накратко.
- Преминете на социјалните мрежи – брзо: Без разлика дали ви се допаѓа или не , начинот на кој светот ги восприема медиумите се промени повеќе во текот на последните 5 години отколку кога било во историјата откако се појави модерната машина за печатење. Мора да бидете активен корисник на големата 5ка (Facebook, Twitter, Instagram, Snapchat, YouTube) ако планирате ефективно да ги мобилизирате во прилог на вашиот бренд.
- Разговарајте: На луѓето повеќе им влијаат препораките отколку кој било друг вид промотивна порака. А, препораките се пренесуваат усно. Треба да разговарате со разни луѓе, на секакви теми, за точно да разберете како функционира усното пренесување и да се инспирирате од различни погледи. Инспирацијата може да дојде од најнеочекуваните места ако научите како правилно да слушате.
- Не игнорирајте ја науката: Можете да станете подобар комуникатор со тоа што ќе научите за основите на психологијата на однесувањето, визуелната анализа, политичките науки, филозофијата итн. Постојат многу дисциплини што имаат допирни точки со уметноста на комуницирање, формирањето стратегии и влијаењето. Ако ги разберете, ќе бидете чекор понапред од конкуренцијата.
- Вежбајте го јавното зборување: Ако планирате да се искачите на врвот на индустријата за односи со јавност, ќе дојде време кога ќе мора да застанете пред публика, пред камери или пак пред вашите вработени и да ги убедите во некоја идеја. Не постои начин да го избегнете ова. Какви и пречки или трема да имате во врска со зборувањето во јавност, морате да се справите со нив затоа што масовната комуникација значи комуницирање со масите.
Marketing Kingdom Skopje го организира P World, македонска, меѓународна, креативна агенција, која организира луксузни бизнис-настани во 30 земји во светот. Marketing Kingdom за првпат се организираше во Загреб во март 2011 год. и оттогаш настанот се организира во 14 различни земји годишно, меѓу кои Исланд, Египет, Јордан, Мароко и Азербејџан.
Информации за цените и билетите за Marketing Kingdom Skopje можете да најдете на официјалната страница за настанот: http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje