По повод месецот за подигнување на јавната свест за ракот на дојка, белгиската непрофитна организација Pink Ribbon Belgium, радио-станицата NRJ Belgium и комуникациската агенција Ogilvy Social.Lab, лансираа необична кампања насловена #MixForBoobs (#МиксајЗаДојки).
Имено, според кампањата, техниките и движењата на рацето кои ги користат диск-џокеите при манипулацијата со музички плочи може ефективно да се применат за проверка на евентуален рак на дојка.
Целна група на кампањата се жените под 40 години, кои иако сносат помал ризик за рак на дојка од средовечните жени, сепак не се имуни на болеста.
Покрај едукативните видеа, дел од кампањата се и специјални аудио плочи кои визуелно потсетуваат на дојки, а чија цел е „да ги внесат жените во ритам за проверка на своите дојки“.