Иако е роден во екосистемот на интернетот, programmatic се` повеќе ќе се шири на другите медиуми
Програматскиот закуп на огласниот простор продолжува да расте и според предвидувањата на истражувачката куќа Zenith до 2019 година ќе завземе 67% од дигиталното дисплеј огласување.
Моментално околу 59% од овај вид на огласување се прави програматски. Во текот на следните две години, вредноста на тие огласи ќе се зголеми во просек за 21% годишно, од 57,5 милијарди долари во 2017 година на 84,9 милијарди долари во 2019 година.
Прогнозите за програматик адвертајзингот навестуваат преобразба од алатка за продажба на неискористениот инвентар, во главен систем за продажба на огласниот простор на премиум локации. Канада, САД и Велика Британија и понатаму водат, кога е во прашање програматик, па така во овие земји во 2017 година програматски се тргувало со 81%, 78% и 77% од дигиталните дисплеј огласи. По нив, на листата следат Данска и Франција.
И покрај тоа што кога е во прашање програматскиот медиа закуп на листата се втори, САД и понатаму има највреден пазар на оваа област, со 32,6 милијарди долари (или 57% од вкупниот износ). Следи Кина со 5,3 милијарди долари, но треба да се напомене дека во оваа земја само со 29% од огласите се тргува програматски, што дава простор за драматичен раст во оваа земја.
Иако е роден во екосистемот на интернетот, програматскиот адвертајзинг ќе се шири и во другите огласувачки медиуми. Се проценува дека оваа година програматски ќе се тргува со 5,6 милијарди долари на телевизијата, радиото, кината и OOH огласувањето во САД, што претставува 6,0% од вкупните вложувања за огласи на тие медиуми во САД.
„Најнапредните пазари по прашањето за дисплеј огласувањето до 2019 година ќе бидат 90% програматски. Нема до помине долго време, а глобалниот пазар на дисплеј огласувањето ќе стане целосно програматско,“ изјави Џонатан Бернард, директор за предвидувања и глобални согледувања во Zenith. „Според тоа, прашањето е колку брзо програматските техники ќе се шират на другите медиуми. Внимателно ќе го следиме развојот на настаните во САД, како предвесник на веројатните движења во остатокот на светот,“ додаде тој.
Пристапот до податоците ќе биде од суштинско значење за сервирање на вистински огласи, до вистинските луѓе и во вистинско време. Меѓутоа во Европа оваа ситуација дополнително се усложнува со воведувањето на новите GDPR регулативи.