Facebook бара нова опција за прикажување на своите реклами, а моментално вниманието им е насочено на нивната Marketplace услуга.
Социјалната мрежа за Social Pro Daily потврди дека ја тестираат оваа опција, па маркетинг менаџерот на Facebook, Michelle Bonner Techel изјави: „Започнавме со мало тестирање кое ги прикажува рекламите на мал процент на луѓе кои користат Marketplace во САД, па ќе го процениме одзивот пред да одлучиме во која насока ќе продолжиме.“
Портпаролот на Facebook исто така изјави дека огласите ќе имаат ист изглед како и оние во News Feed на оваа социјална мрежа, а ќе ги насочуваат корисниците на одредени страници на кои ќе можат да ги купат производите или услугите кои се огласуваат.
Социјалната мрежа ја започна Marketplace услугата минатиот октомври, со цел да им овозможи на корисниците да купуваат, продаваат и да ги прегледуваат предметите кои се понудени на продажба.