Дали ќе погледнете неколку реклами на својот смартфон доколку тоа би значело дека ќе добиете добивање на бесплатен превоз во трамвај или метро?
Секако дека би погледнале, посебно кога ќе откриете дека во себе немате доволно кусур за да платите билет :) Во Düsseldorf, Германија, ова е можно со апликацијата WelectGo, апликација која се покажа толку популарна што нејзините понуди за бесплатни билети се искористени само во првите неколку часа.
WelectGo им овозможува на корисниците бесплатни автобуски и билети за воз во замена за следење на 20 секундни рекламни спотови. Доколку еднаш сте ги погледнале (или игнориррале ) рекламите , билет во вредност од €2.60 ($2.80) се доставува директно до вашата направа од каде сте ја следеле рекламата (во Германија веќе повеќе градови имаат електронско купување на билети) Станува збор за редовни билети за превоз кои се вазлидни за возење до 90 минути низ целиот град.
Овој сервис за сега се покажува како доста популарен. WelectGo досега потпиша ексклузивен договор со 2 спонзори со 4 реклами. Сервисот очекувал околу 1000 симнувања за време на пробниот период.
WelectGo ги користи приходите од рекламите за да ги купува билетите кои ги продава по цела цена. Успехот на овој проект скоро и ветува стабилен број на спонзори.
Кога ќе се претплатите за сервисот, WelectGo прибира лични информации како датум на раѓање, пол, email адреса, и име и тие податоци анонимно си споделува со адвертајзерите. Секој од адвертајзерите може да избере колку пати едно лице ќе може да ја гледа нивната реклама, што би значело дека корисниците не би можеле континуирано да ја гледаат истата реклама цел ден со цел да добијат бесплатни билети.
Единствената “грешка“ на WelectGo се чини дека е хронично потценетата побарувачка на билети.
Feargus O’Sullivan од City Lab на ова се изјасни со следната изјава:
Чудно е како не предвиделе дека ќе дојде до ова. Апликацијата побарува само 80 секунди од вашето време пред да ве награди со билет со вредност од $2.80.
Доколку го вброите билетот како форма на приход тоа значи дека корисниците добиваат добивка од $120 на час. Без разлика колкумина од нас и да не сакаат да гледаат реклами веруваме дека никој не би одбил ваква понуда.
WelectGo планира да го рашири овој план во други градови во Германија, а Германците се соодветни за ваквиот начин на купување на билети поради веќе постоечкиот електорнски систем за купување на билети. Можно е да се патува бесплатно, тоа често Германците го прават доцна навечер во Сабота и Петок кога нема многу инспекции. Со овој систем секој би можел да се качи на воз или авотбус без карта и истата да ја набави преку WelectGo апликацијата.
Но би рекле дека проблемот набрзо ќе се реши затоа што за ова немаме сомнеж во Германците кои добро се познати по својата конструктивност.