Медиумската куќа Њујорк Тајмс ги надмина пазарните очекувања со профит и приход забележани во првиот квартал во 2020 година
Сепак, поради пандемијата на коронавирусот, тие ги намалија проекциите за идните приходи од рекламирање.
Нето приходот на Њујорк Тајмс во првиот квартал порасна на 32,9 милиони долари, или за 20 центи по акција, од 30,2 милиони долари или 18 центи по акција, колку што изнесуваше во првиот кваратл на 2019 година, пренесува MarketWatch.
Кога ќе се исклучат еднократните ставки, прилагодената добивка по акција изнесуваше 17 центи, што е над консензусот на аналитичарите, кои предвидоа осум центи по акција во анкетата на компанијата за FactSet.
Вкупните приходи пораснаа за 1,0 проценти на 443,6 милиони долари, надминувајќи ги проценките на FactSet од 439,6 милиони долари.
Приходот од претплата скокна за 5,4 проценти на 285,4 милиони долари, со што се компензира падот на приходите од рекламирање од 15,2% на 106,1 милиони долари.
Приходите од дигитално рекламирање паднаа за 7,9% и од печатени реклами за 20,9%.
Компанијата очекува раст на приходите од претплата и во второто тримесечје со средна или висока едноцифрена стапка, а од друга страна предвидува натамошен пад на приходите од рекламирање во опсег од 50 до 55 проценти.