Добредојде за неа! Од овој понеделник лансиранa е новата веб-страница nea.mk, која е специјализирана за жени или како што тие ги нарекуваат за „девојките од сите возрасти“. На nea.mk ќе можат да се најдат содржини од областа на модата, професионалниот развој, психологијата, спортот, убавината (во сите нејзини форми), културата, патувањата и се она кое може да ја интересира женската публика.
Според уредничкиот тим, тие сакаат да пишуваат за сите жени, за различните професии кои ги работат, различните интереси кои ги имаат итн. Според она што може да се прочита во секторот „За неа“, тимот верува во еднаквост, љубов, разбирање и во тоа дека секое тело е ремек дело.
Уредник на сајтот е Јована Аврамовска, која на јавноста и е најмногу позната од шоуто Фчерашни Новости. Јована работи во медиуми од 20 години и ова е прв нејзин проект. Таа вели дека телевизијата и е прва љубов и дека ќе продолжи да работи и на телевизиски проекти. Nea.mk е простор каде Јована и тимот соработници ќе можат да креираат содржини на теми кои се поврзани со нивните интереси и женската публика.
Тимот на соработници ќе покрива повеќе области: психологија, литературата и рецензија, архитектура и уредување, фитнес, pole фитнес и корективни вежби, педагодија. А ќе има соработници и во областа на готвењето, јогата, филмот, модата и женскиот активизам.
Во текот на следните неколку недели, на порталот ќе биде објавена и серија интервјуа, од кои прво е интервјуто со бубњарката Мартина Баракоска, а ќе следат уметницата Виле Николова, глумицата Ивана Павлаковиќ и многу други. Сајтот соработува со фотографот Марио Андоновски, во чие студио ќе бидат направени најголем дел од фотосесиите.
Да не должиме, доколку ви звучи интересно прочитајте ги новите содржини на nea.mk!