После повеќе месеци карантин, брендот за брза храна McDonald’s повторно ги отвора ресторанските врати за своите фанови во Велика Британија (сепак само за подигнување на нарачки). По тој повод, компанијата лансираше нова кампања насловена „Добредојдовте назад“ („Welcome back“), создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett London.
Фокусот на кампањата е насочен кон радоста на фановите во исчекување на производите на McDonald’s. Кампањата ќе трае во наредните шест недели и покрај централниот телевизиски спот, ќе опфаќа и out-of-home, social и радио активности. По барање на фановите, спотот е пропратен со песната “Return of the Mack” од Марк Морисон.
„Нашето враќање кон националното огласување ги одбележува оние ритуали и моменти кои нашите потрошувачи ги имаа во последните четири месеци, кажувајќи ни дека им недостигаме. Фантастично е да се биде во можност да се вратиме со одбележување на малите начини на кои нашите потрошувачи различно уживаат во нашата храна,“ изјави Мишел Грејам-Клер, потпретседател за маркетинг во McDonald’s за Обединетото Кралство и Ирска.
Oh, go on then…Welcome Back.. 🔊 https://t.co/0x4q5Qe233 pic.twitter.com/YNPU7hN0ax
— McDonald’s UK (@McDonaldsUK) July 17, 2020