Британската влада донесе нова државна програма насловена “Eat Out to Help Out” со која ќе субвенционира 50% од цената на храната и безалкохолните пијалоци во рестораните кои ќе се приклучат кон акцијата.
Кон владината програма, која ќе трае во текот на целиот месец август, се приклучи и брендот за брза храна McDonald’s. Намалувањето на цените е толку големо, што соодветствува на оние кои брендот ги имал во текот на 1990-те.
Со цел да ја промовира ваквата понуда, McDonald’s лансираше 20-секундна реклама составена од автентични снимки на брендот од 90-те, пропратена со еден од најголемите музички хитови на декадата – “I Want You Back” од бој-бендот NSYNC.
Промоцијата е проследена и со дополнителни принт реклами и активности на социјалните медиуми. Агенцијата која стои позади кампањата е Leo Burnett London.
Замислете стара „7ца“ со хамбургер од 60 денари… :)
As part of the #EatOutToHelpOut programme, dine-in with us Monday-Wednesday and enjoy a Big Mac for £1.69. Welcome back to the ‘90s! pic.twitter.com/knWGBR8JDF
— McDonald’s UK (@McDonaldsUK) August 4, 2020