Во историјата на човештвото, предвидувањето на иднината отсекогаш било популарно и речиси секогаш неуспешно.
Во анализата на WeCann „(Речиси) сè што сакавте да знаете за технологијата за време и по короната, но се плашевте да прашате“, се размислувањата на експертите од I&F Grupa за следењето и приватноста, купувањето, документите и парите, економијата на споделување и економија на раздвојување, проширената реалност, апликациите, учењето од далечина, комуникацијата и информатичката технологија.
Пандемијата на вирусот COVID-19 отвори територија каде секој сака да прогнозира што ќе се случи утре и како ќе изгледа времето по пандемијата. Од следење, приватност, документи и пари сè до апликации, учење од далечина и комуникација воопшто, разговорите започнуваат за почеток на нешто различно и ново, но и забрзување на она старото (а добро).
Начинот на кој работиме, начинот на кој се дружиме, сакаме, ги поминуваме деновите, купуваме и читаме е променет. Оваа промена беше овозможена со технологијата која е вткаена во нашите животи поради фактот што како човештво живееме во средина на нешто што се нарекува „дигитална револуција“. Таа не е ништо друго, освен примена на дигиталните технологии во животот и бизнисот со цел да се зголеми ефикасноста, да се подобри квалитетот и да се направат поефтини работните процеси.
Во нашата секојдневна реалност, таа е далеку повеќе присутна отколку во бизнисот.
Нашата приватност
Користењето на разновидни апликации и веб-услуги сега, но и во иднина, без размислување за тоа што се случува со приватноста на нашите податоци и нивната безбедност на тие услуги, е нешто што се разгоре веднаш во текот на пандемијата.
Логично е прашањето, дали луѓето денес се подготвени да се откажат од заштитата на податоците со цел да си дадат малку повеќе слобода или безбедност? Во Кина, локалната самоуправа создаде алгоритми за оценување и ги вклучи во Вухан и во многу други градови во апликациите на компании како „Алибаба груп“. Од основните податоци, прашањата при регистрацијата инвазивно се „свртуваат“ на блиските контакти со заразени лица, до здравствената состојба и патувањето на корисниците.
Од друга страна, во неколку земји во ЕУ започнаа пилот проект во кој граѓаните можат доброволно да аплицираат за да се следат преку мобилен оператор и да им се следат трансакциите со платежни картички, додека за возврат добиваат поголема слобода на движење. Во средината на април, Google и Apple објавија дека на нивните платформи ќе додадат технологија што ќе ги предупредува корисниците доколку дојдат во контакт со лице кое има корона вирус.
Иако ќе работи на доброволна основа, оваа технологија може да следи околу една третина од светската популација.
Како купуваме
И покрај тоа што онлајн купувањето во моментов ни се чини императив, кој и да мисли дека иднината на купувањето е во е-трговијата ќе погреши, како што во 1977 година погреши и Кен Олсон, претседател на Digital Equipment Corporation, кога изјави: „Нема причина индивидуите да имаат компјутери дома. “
Кога ќе се смири епидемијата, луѓето ќе сакаат да ги допрат (носејќи ракавици) и да ги мириснат (преку маски) производите пред да ги купат. Ова не значи дека распоредот во продавниците ќе остане ист, како и дека начинот на кој ќе купуваме ќе претрпи штета или напредок во нешто сосема друго.
Но, пред да преминеме кон иднината – што се случува сега со купувањето?
Одговорот на епидемијата на коронавирус не беше ист кај сите генерации, затоа што потрошувачите од различни возрасни групи реагираа различно на кризата. Милениумците и припадниците на Генерацијата Z, го менуваат своето однесување особено кога станува збор за купувањето, покажа студијата на потрошувачите во САД и Велика Британија, објавена на порталот Bigcommerce. Резултатите покажуваат дека 96% од нив се загрижени за пандемијата и нејзиното влијание врз економијата. Поради таа загриженост, тие драстично го менуваат своето однесување, што вклучува намалување на трошењето, правење залихи на намирници и трошење помалку пари на искуства.
Потрошувачите во Шпанија ги прилагодиле навиките и започнале да пазарат во околните продавници. Малите продавници имале најголема корист заради нивната близина со потрошувачите, но и видот на производите (генерално приватни брендови, производи со попуст). За голем дел од населението, оваа криза предизвика сериозни економски последици и тие ќе бараат производи и формати кои ќе им помогнат да заштедат (семејни пакети, попусти, купони). Наскоро цената ќе биде многу важна, кога луѓето ќе се вратат на своите рутини.
Како резултат на целосниот карантин и грижата на потрошувачите, се раѓа нова култура на купување. Кога влегувате во ова нова нормалност, без разлика колку би траела, важно е да останете смирени и да размислите стратешки за сите активности поврзани со е-трговија. Приходите од купувањето преминуваат побрзо на електронската трговија отколку порано. Брендовите кои го разбираат тоа и брзо ја менуваат потрошувачката врз основа на залихите, подобро ќе го надминат ова време од брендовите кои се бавни во прилагодувањето или целосно ги затвораат своите финансии.
Купувањето за време, но и по пандемијата, сигурно ќе изгледа поинаку.
Нови пари, нови документи
Социјалното дистанцирање како феномен отвори едно комплетно ново поглавје – првиот дел од равенката е физичкото растојание на луѓето кои можат да изберат да не комуницираат во простор помал од 2 метри, а другиот дел е интеракцијата помеѓу луѓето кои едноставно немаат можност да држат растојание. На пример, амбулантните работници, но и сите оние кои треба да ги проверат личните податоци на луѓето. Денес, нашите лични податоци се наоѓаат во нашите лични карти и пасоши, со или без чип, и без оглед на сè, тој документ ќе мора да допре до некој вид сензор или да биде подаден од рака на рака. А поминувањето од рака на рака не е во согласност со целата приказна за држење дистанца.
На пример, дозволите за движење или возење автомобил за време на полицискиот час во Јордан се издаваат со помош на три стари технологии: веб, SMS и QR кодови. По најавата на веб-страницата на владата, одобрувањето на лицето се испраќа преку СМС-порака и тој добива линк за преземање на дозволата во пребарувачот на мобилниот уред, каде во реално време, може да се види дали дозволата е валидна. Главниот дел од таа страница во пребарувачот е QR-кодот што мора да му се покаже на полицијата за да го скенира преку скенер. Убавината на овој процес е што можете да ја покажете вашата лична карта преку затворен прозорец за автомобилот, без никаков ризик од пренесување на вирусот. Ова може да претставува иднинате на сите документи.
Препознавањето на лицата, кое во последните години влегува во мејнстрим кај новите iPhone-и и Android телефони, е исто така една од можните технологии што ќе се користат наместо традиционалните лични исправи во иднина. Технологиите како MasterCard PayPass и нивното преминување кон мобилните телефони, заедно со зголемената сензибилност на читачот за да можат да читаат од поголема оддалеченост, би можеле да бидат иднината на безконтактното плаќање.
Што и да носи иднината, едно е сигурно – без оглед на тоа што правиме, ние секогаш ќе најдеме начин да „допреме без допирање“, а бесконтакното ќе мора да го оправда своето име и да биде – без контакт!
Економија на споделување
Економијата на споделување, која до вчера беше многу вообичаен задолжителен елемент на приказната за иднината, денес е под знак на прашање. Не е одржана ниту една конференција на која немаше панел за иднината, на која барем еден модератор или говорник не даде славни примери за иднината на превозот. До вчера, една од главните приказни беше дека електричниот автомобил на иднината ќе нè одведе на работа. По напуштањето на возилото, ќе можеме да го испратиме автомобилот да се паркира некаде каде паркирањето е бесплатно, или уште подобро да биде дел од некој сервис за споделување возила каде што ќе ни „заработи“ пари. Тоа ќе се случи на некој начин, затоа што тој автомобил ќе одговари на повиците на други луѓе и ќе ги вози низ градот како Uber. На крајот на работниот ден, среќниот сопственик ќе го собере автомобилот од работа и ќе го однесе дома.
Но, дали би ви сметало доколку меѓу вашите две возења, вашиот автомобил би го возеле десет непознати луѓе низ градот, кои би можеле да го остават вирусот COVID -19 некаде внатре? Големото прашање е дали економијата на споделување ќе преживее и во каква форма, или ќе прерасне во економија на изолација (што индиректно укажува на загриженост денес) и што точно ќе значи тоа.
Зголемена реалност наместо реалност
Едно е сигурно: Зголемената реалност (Augmented Reality) повеќе не се однесува само на технологијата. Постојат три работи што зголемената реалност ги прави многу добро: визуелизација, објаснување и раскажување приказни. Во сегашната реалност со COVID-19, сите три стануваат сè поважни за брендовите, културните институции, забавата, интеракциите, училиштата и работните средини.
Бидејќи училниците се затворени низ целиот свет, наставниците преминуваат кон моделите на онлајн учење. Сите 185 бруцоши на Универзитетот „Case Western Reserve“ (CWRU) користат HoloLens и HoloAnatomy, наградувана AR аплиликација за учење од далечина, развиена од CRWU и Клиниката Кливленд. HoloAnatomy им помага на студентите при проучување на човечкото тело на начини на кои не е поинаку можно. Со обезбедување пристап до најситните детали за човечката анатомија во 3Д, учењето не е ограничено со достапност на кадаверот.
Со оглед на тоа што настаните како Met Gala 2020 (годишна церемонија за прибирање финансиски средства за Институтот за костими на Њујоршкиот музеј за уметност Метрополитан) и придружните изложби се откажани до понатамошно известување, проширената реалност може да обезбеди начин да се пренесе целокупното искуство во вашиот дом, така што овозможува гледање, па дури и испробување на костимите од изложбата. Разновидниот потенцијал на VR и AR апликациите е речиси неограничен, но во свет кој бара дистанцирање може да оди и чекор подалеку. Како и кај повеќето технолошки гаџети, клучен аспект е да се избере најсоодветниот и креативниот начин за нивно користење.
“Комуникација 2.0”
Веројатно не е изненадувачки фактот што луѓето ширум светот повеќе користат апликации заради целосниот карантин поради пандемијата на COVID-19.
Сите друштвени апликации пријавија раст на употребата и ангажираноста, и повторно, ова не е изненадувачки ако се земе предвид дека сите сме затворени во нашите домови и бараме начини да останеме во контакт со надворешниот свет. Интересно е што, исто така се зголеми трошењето пари преку апликациите, како резултат на разни мерки на карантин ширум светот.
Ако сакате да се поврзете со вашата публика, податоците сугерираат дека друштвените апликации се вистинско место за тоа и дека постојат многу можности за оние кои можат да спроведат кампања. Кога станува збор за перформансите на апликациите, TikTok сè уште го држи првото место во однос на бројот на преземања. Апликациите за видео разговори Zoom и Houseparty, исто така, добија значително внимание среде карантинот поради COVID-19. Податоците покажуваат дека денес Zoom е најдобро рангирана апликација за iOS на сите 141 пазари, додека преземањето на апликацијата Houseparty се зголеми за 735 пати во последната недела од март.
Фокусот на алатките за видео поврзување веќе доведе до лансирање на разни надоградени видео функции на Фејсбук и Инстаграм, а ќе биде интересно да се види дали овие алатки ќе можат да го искористат тоа зголемено внимание и да станат позначајни во апликациите и социјалниот простор, после завршувањето на COVID-19 рестрикциите.
COVID-19 го промени начинот на кој комуницираме, но и колку често комуницираме, како и што правиме додека комуницираме. “Не разменувајте зборови, комуницирајте!” зборуваше уште во 1964 година, Артур Ц. Кларк, автор на „2001: Одисеја во вселената“, за тоа како луѓето ќе комуницираат во иднина. Тоа е слоган кој Кларк го смисли уште кон крајот на 1960-тите, кога неговиот интерес се сврти кон нашата зависност од фосилните горива и начините да ги намали нашите желби за нив.
Замки на новото време
Голем број на различни сервиси започнаа да работат во рамките на различни стартап компании и станаа популарни со речиси вирална брзина. Како резултат на тоа, на пример, софтверот за видео конференции Zoom во претходните денови покажа дека „не се грижи“ премногу за безбедноста и приватноста на своите корисници. Креаторите на апликацијата Zoom (иако ја поправаат) решија да понудат лесен и брз начин за одржување состанок, доведувајќи ја во прашање безбедноста на софтверот.
Честа грешка на ИТ одделите на една компанија е што избираат популарно, „фанки“ решение наметнато од вработените кои сакаат модерни работи, кои обично не ги применуваат сите правила за безбедност на компанијата, а можат да ги чинат многу во иднина. Претходната практика, која за среќа е заборавена, а тоа е мислењето дека хакерите не се криминалци, туку „деца“ кои играат и гледањето на кршење на авторските права на интернет со некакви симпатии, денес прерасна во речиси лековерна употреба на разни апликации и веб-услуги, без размислување за тоа што се случува со приватноста на податоците и безбедноста на тие услуги.
E-учење
За време на пандемијата на COVID-19, брзо се развија обемни, национални напори за развој на технологија за поддршка на учење од далечина, образование на далечина и онлајн учење. Она што беше незамисливо до „вчера“, како што е учење од далечина во државните училишта со помош на телевизија спроведена во некои земји, се случи преку ноќ. Технологијата која најчесто се користи за извршување на овие активности во повеќето земји е Google Classroom.
Но, учењето, или поточно личниот развој за време на пандемијата, е нешто што луѓето го прават за им помине побрзо времето, но во исто време и да се стекнат со знаење за кое немаа време во текот на „старите и нормални“ денови. Како одговор на пандемијата и мерките на изолација што се спроведуваат во повеќето земји, организаторите на курсевите (ClassCentral, Udemy, Skillshare, итн.) нудат содржина за бесплатно учење или по многу намалени цени.
Наместо заклучок
“Светот 2.0” што полека почнува да се појавува, дефинитивно ќе се разликува од “светот 1.0“ или било што можеме да замислиме. На крајот или на почетокот, едно е сигурно, ќе мора да научиме како да бидеме блиски без приближување и како да чувствуваме човечки допир – без да се допираме!
Целосното истражување на агенцијата McCann можете да го прочитате на: http://ifmccann.com/reports.html