Глобалната платформа за електронска трговија Amazon ја објави својата нова празнична кампања насловена “Kindness, the greatest gift” („Добрина, најголемиот подарок“).
Централниот спот на кампањата ја раскажува приказната за една млада жена која се враќа во „нормален живот“ после тешките предизвици на изминатата година, откривајќи ја моќта на добрината во тој процес.
Рекламата нé потсетува дека највредниот подарок кој можеме да им го дадеме на луѓето е токму добрината, иако и пакетче од Amazon не би било на одмет. :)
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Lucky Generals и продукциската куќа Academy Films.