Шкотскиот бренд на безалкохолен пијалак Irn-Bru објави нова хумористичка реклама која што го привлече вниманието и на светската адвертајзинг јавност.
Едноминутниот спот инспириран од вестерн-филмовите се одвива во салун каде избива тепачка поради несогласување како да се опише вкусот на пијалакот Irn-Bru. На крај, „јунакот“ во приказната ја смирува ситуацијата, посочувајќи компромисно решение дека вкусот е „магичен“.
Рекламата ќе биде емитувана на телевизија во Шкотска и северна Англија, а истата ќе може да се гледа и со скенирање на QR-код на лименките и шишињата од пијалакот.
Кампањата е остварена со помош на креативната агенција The Leith Agency и продукциската компанија Stink Films, додека пак медискиот закуп е задача на PHD North. Интересно е што рекламата била снимана на филмски сет во Романија, со помош на сервисната продукциска куќа Icon Films Romania.