Во новата кампања на шведскиот бренд на мебел IKEA се запознаваме со едно младо момче кое покажува емпатија кон очајно митско чудовиште познато како трол, преземајќи потфат на љубезност.
Тролот е засолнат под некој стар мост, како што е вообичаено во бајките, а притоа на минувачите им наплатува „патарина“ за премин. Неговото засолниште е ладно и темно, а сето тоа се одразува и врз тажната и очајна емоционална состојба на митското суштество.
Со тролот се запознава едно момче кое почнува да се загрижува за чудовиштето од кое некогаш се плашело. Момчето одлучува да му помогне и евентуално се покажува како прилично добар дизајнер на внатрешен простор, така што со помош на IKEA успева да внесе комфорт, светлина и топлина во домот на тролот.
Преку овој чин на добрина кон „другиот“, момчето успева да ѝ помогне и на својата заедница, со оглед на тоа што се чини дека, на крајот од спотот – тролот и не е многу ангажиран околу собирањето на „патарина“ се премин преку мостот.
Рекламата била снимена кај некој вистински стар мост во Словенија, со дополнителни сцени снимени во студио, при што ќе се емитува на пазарите во Канада и Австралија. Агенцијата која стои позади реализацијата на кампањата е Rethink од Канада.