Синоќа во Софија се одржа наградната церемонија на бугарските награди за маркетиншка ефективност Effie Bulgaria.
Титулата „Најефективна агенција“ за 2023 година повторно ја понесе Noble Graphics, која ова признание го добива веќе четврта година по ред. Агенцијата Noble Graphics на овогодишното издание освои вкупно пет награди – три златни и две бронзени.
На второто место се најде агенцијата proof., додека пак третото месту му припадна на агенциите Saatchi&Saachi и Brandworks, дел од Publicis Groupe Bulgaria.
DSK Bank го доби признанието за „Најефективен огласувач“ за 2023 година, благодарение на освоените една златна и една бронзена награда. Второто место во рангирањето им припадна на Vivacom Bulgaria EAD, Carlsberg Bulgaria и Здружението „Невидими животни“ со еднаков број поени. Третото место го освои брендот Fashion Days.
Признанието за „Најефективен бренд“ за 2023 година го доби DSK Bank.
Целосната листа на освоени златни, сребрени и бронзени награди е достапна на следниот линк.
Наградите Effie се препознати од огласувачите и агенциите ширум светот како најистакнато признание во индустријата кое ја слави амркетиншката ефективност. Бугарското издание на натпреварот го организира Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА) и се одржува со ексклузивна поддршка на bTV Media Group и bTV Radio Group како генерални медиумски партнери и брендот Visa како златен спонзор.