Изминатиот викенд во Пловдив се одржа финалната церемонија за доделување награди на победниците на 22. издание на фестивалот ФАРА во организација на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции.
Големата награда за „Креативна агенција на годината“ отиде кај агенцијата proof., додека пак на второ и трето место се најдоа агенциите Human и NEXT-DC, соодветно.
Наградата за „Огласувач на годината“ беше доделена на брендот за онлајн треговија Fashion Days. На второто место на рангирањето се најде пиварницата Carlsberg Bulgaria, а третото место му припадна на ланецот ресторани за брза храна Skapto.
Агенцијата Noble Graphics беше прогласена за „Медиска агенција на годината“. На второ место во рангирањето се најде агенцијата proof., а на третото место следи All Channels Advertising.
Во четири денови, фестивалот ФАРА 2022 понуди богата програма со интересни дискусии, панели и презентации со учесници од Бугарија и странство. На ФАРА 2022 се одржаа две официјални наградни церемонии на „Креативен фестивал“ и „Медиски фестивал“, на кои беа наградени најдобрите кампањи во 38 категории и поткатегории на „Креативниот фестивал“ и 11 категории и поткатегории на „Медискиот фестивал“.
Сите добитници на Златна награда на „Креативниот фестивал“ ќе учествуваат целосно бесплатно на еден од најпрестижните фестивали во Европа – ADCE Awards, организиран од Art Director’s Club Europe, каде се наградуваат најдобрите кампањи во европскиот дизајн и огласување. Добитниците на сребрена или бронзена награда ќе можат да учествуваат со намалена котизација.
Фестивалот се одржа благодарение на поддршката на Nova Broadcasting Group и нејзината подружница Нет Инфо како главни спонзори. Проектот е дел од програмата Наследство на Пловдив – Европска престолнина на културата за 2019 година.