Деветта година по ред беа наградени најдобрите дигитални кампањи во Бугарија во рамки на натпреварот IAB Mixx Awards, кој традиционално го организира струковната асоцијација IAB Bulgaria.
Во потесниот избор на овогодинешното издание на натпреварот влегле 60 финалисти, а најголем број пријавени проекти имало во категориите „Креативна ефективност“ и „Бренд со цел“. На крајот, статуетки освоија седум агенции.
Меѓународното жири одлучи да додели најмногу награди на агенцијата guts&brainsDDB – вкупно 10. На второ место се најде агенцијата Nitram, со вкупно три награди. По две награди освоија агенциите: together&; Sunday Media; McCann и Huts. Листата на наградени ја комплетира агенцијата Handplayed со една награда.
Победничките кампањи може да се погледнат на следниот ЛИНК.