Во склоп на фестивалот “Денови на комуникациите” изминатиов викенд во Ровињ, Хрватска се оддржа и прогласувањето на хрватските Effie победници за изминатата година.
Effie наградите се доделуваат за најефикасните маркетинг комуникации, т.е. се насочени кон одавање на признание за кампањите кои покажале најдобар резултат. Прогласени беа најдобрите агенции и огласувачи во сегментите креативност, стратегија и постигнати пазарни резултати.
Добитници на Гранд При наградата и носители на златни награди на Effie Awards Croatia 2022 Центар за едукација и истражување (CESI) со примарна агенција Señor за проектот “Није у реду у уреду” во соработка со агенциите Human Interaction Company, Outdoor Akzent и 404 agency во категоријата Engaged Community.
Сребрената награда ја освоија следниве проекти:
- “Боранка” – проект за пошумување на опожарените подрачја за клиентот Сојуз на извидници, од агенцијата Imago Ogilvy во категоријата Долгорочна ефикасност.
- “И понатаму го осигурува Вашиот мир” – за клиентот Wiener осигурување на агенциите Señor, OMD Media и iProspect во категоријата Финансиски и осигурителни услуги.
- “Баш како животот” – на компанијата Франк и агенциите PINK MOON, PHD Media и Producenti во категоријата пијалоци. ; и
- Није у реду у уреду” во соработка со агенциите Human Interaction Company, Outdoor Akzent и 404 agency во категоријата Позитивни промени: Општо добро (брендови и непрофитен сектор).
Бронзени награди добија Belju и агенциите Impressum komunikacije, Pro Media Group и STUDIO NEXUS за проектот “Кравица Краљица” во категоријата David vs. Голијат; клиентот Konzum plus и агенциите ZOO агенција и ASOMBRO EXTREMO за проектот Call of Santa Claus во категоријата Engaged Community и Franck и агенциите Imago Ogilvy и PHD Media за проектот Подгответе се како сакате, уживајте кога сакате во категоријата Пијалоци.