Eurobest ги соопшти добитниците на Grand Prix и специјалните награди кои го поставуваат европскиот стандард за креативна извонредност во 2022 година.
Доделени беа Grand Prix награди во вкупно 25 категории, при што Италија и Франција беа земјите кои освоија најмногу – и двете по пет. Целосната листа на кампањи кои се закитија со Grand Prix е достапна на следниот линк.
Во однос на специјалните награди, за „Агенциска мрежа на годината“ беше прогласена Publicis Worldwide, која оваа титула ја освојува веќе четврта година по ред. За најдобра „Медиска мрежа на годината“ беше прогласена dentsu X.
За најдобра „Агенција на годината“ беше прогласена Publicis Italy од Милано, Италија, додека пак за најдобра „Независна агенција на годината“ беше прогласена Philipp und Keuntje од Хамбург, Германија. Наградата “Златна палма” за најдобра продукциска компанија беше доделена на Zauberberg Productions од Германија.
Истовремено беше објавен и новиот Креативен извештај на Eurobest, достапен на следниот линк. Извештајот ги презентира дефинитивните европски рангирања за креативна извонредност, како и детални коментари од стручното жири за клучните трендови и теми во годината што претстои.
„Веќе 34 години, Eurobest ги слави најдобрите креативни идеи во Европа, а освојувачите на Grand Prix го поставуваат креативниот репер за целата европска креативна индустрија. Многу е возбудливо да се објавуваат и слават победниците преку Eurobest Unlocked. Трендовите и сознанијата што се појавуваат се детално истражени во рамките на овогодинешниот Креативен извештај на Eurobest, кој е поткрепен со увиди и мислења од членовите и претседателите на нашите стручни жири-комисии“, истакнува Симон Кук, генерален извршен директор на LIONS – организатори на наградите Eurobest.