Наградната церемонија на MIXX Awards Greece 2025 успешно се одржа минатата недела во Атина, во организација на IAB Hellas. Настанот собра повеќе од 200 водечки личности од грчкиот дигитален пазар и беше посветен на одбележување на креативноста, иновациите и ефикасните дигитални кампањи.
Овогодишното издание, под мототo “Digital Wins”, имаше свечена, предновогодишна атмосфера и ги обедини брендовите, агенциите, медиумските компании, издавачите и технолошките компании. Целта беше да се наградат кампањите што јасно ја потврдија силата и вредноста на дигиталниот маркетинг.
Вкупно беа доделени 75 награди во рамки на 17 категории, кои го опфатија целиот спектар на современиот дигитален маркетинг. Меѓу нив беа кампањи ориентирани кон перформанси, стратегии засновани на податоци, социјални мрежи, содржина и интегрирани дигитални проекти.
Бронзените и сребрените награди беа објавени за време на настанот, додека златните награди беа врачени во живо на сцената. Нјависокото признание „Best in Show“ им беше доделено на агенцијата Tempo OMD Hellas за кампањата „L’Oréal NYX Drop“, која беше прогласена за најдобар проект на годината. Целосната листа на наградени проекти може да се разгледа на следиот веб-сајт.
Победниците ги избраа меѓународно жири, како и комитет составен од членови на IAB Hellas. Со тоа, MIXX Awards уште еднаш ја потврдија својата улога како водечка институција за награди во областа на дигиталниот маркетинг во Грција, истакнувајќи го силниот развој на дигиталниот екосистем во земјата.

















