Во рамки на фестивалот Денови на комуникациите, кој овој викенд се одржа во Ровињ, покрај наградите за најдобри креативни остварувања во регионот, беа доделени и националните хрватски награди за најдобра пазарна креативност, ефективност и примена на дигиталните технологии.
IdejaX
Во конкурсот IdejaX веќе со години се натпреваруваат големите и малите агенции, како и независните уметници, со нивните креативни идеи и маркетинг проекти за кои можат да добијат златни, сребрени и бронзени награди. На овогодинешното издание биле пријавени над 160 креативни проекти.
Титулата „Агенција на годината“ ја доби BBDO Загреб, главната Grand Prix награда за најдобра кампања ја доби агенцијата Imago Ogilvy, додека пак за „Огласувач на годината“ беше прогласен производителот на кондиторски производи Kraš.
Повеќе за наградените агенции, огласувачи и проекти на IdejaX можете да прочитате на следниот линк.
Effie Awards Croatia
Effie ја слави ефективноста на пазарните комуникациите, а наградите ги добиваат најдобрите агенции и огласувачи за нивните извонредни напори во сегментите на креативност, стратегија и постигнати пазарни резултати во текот на изминатата година.
На овогодишното издание на хрватските Effie награди беа доделени три златни награди, за следните проекти:
- „Kad će? Sad će!“ на PIK Vrbovec plus, Imago Ogilvy и STUDIO NEXUS;
- „Ožujsko pivo 2019-2023“ на Molson Coors, BBDO Zagreb, 404 и OMD Zagreb; и
- „Mali veliki talenti“ на Konzum plus, ZOO Agencija, TCC Global и STUDIO NEXUS.
Добитниците на сребрени и бронзени награди можете да ги погледнете тука.
MIXX Awards Croatia
Најдобрите дигитални кампањи и дигитални алатки/платформи во сферата на пазарните комуникации беа наградени во рамки на MIXX Awards Croatia 2024. Натпреварот ја препознава креативноста, стратегијата, перформансите, употребата на медиумите и постигнатите резултати.
Согласно овие критериуми, стручното жири избра да ја додели главната награда “Best in Show” на проектот „Valamar — The Data Driven Stay“ од Valamar Riviera и SeekandHit.
На настанот беа прогласени уште 13 победници кои може да се погледнат на овој линк.