Лауреатот за најдобра радиска/аудио агенција во изминатата година и припадна на продукциската куќа Eardrum од Австралија.
За LIA, кои се доделуваат од 1986 година, оваа година се натпреваруваа вкупно 14,817 пријавени проекти од вкупно 80 држави во 15 категории.
Меѓународното жири додели вкупно 6 Гранд При награди, од кои две освои овогодишниот победник Adam&Eve Лондон и тоа за огласот “Bear & Hare“ ,работен за трговскиот ланец Lohn Lewis во категоријата “ТВ огласи“ и за кампањата Sorry I Spent It On Myself за молот Harvey Nichols во категоријата “Интегрирана огласувачка кампања“.
Лондонската агенција OgilvyOne доби Гранд При во категоријата “Билборд“ за плакатот Magic of Flying за British Airways.
јапонската хит агенција оваа година, Dentsu, доби Гранд При за Sound of Honda/Ayrton Senna 1989 во категоријата дигитални проекти.
Во категоријата “Нетрадиционални проекти“, Гранд При добитник е француската Marcel Paris и тоа за кампањата Inglorious Fruits and Vegetables а американската агенција Creative Artists Agency доби Гранд При за “Музика и звук во филмски огласи“ за проектот The Scarecrow работен за американскиот ланец за мексиканска храна Chipotle.