На четвртиот ден од 71. издание на Меѓународниот фестивал за креативностa Cannes Lions беа доделени наградите во категориите: Brand Experience & Activation, Creative Business Transformation, Creative Commerce, Creative Effectiveness, Creative Strategy, Innovation, како и во новата категорија Luxury & Lifestyle Lions.
Во категоријата Brand Experience & Activation Lions се натпреварувале вкупно 2262 проекти, а жирито додели 70 награди: 10 златни, 29 сребрени и 30 бронзени. Главната Grand Prix награда беше доделена на кампањата „The First Edible Mascot“ на брендот Pop-Tarts од агенцијата Weber Shandwick Chicago.
Во првата година од новововедената категоријата Luxury & Lifestyle Lions се пријавиле вкупно 188 проекти, а жирито одлучи да награди 7 од нив со: 1 златна, 2 сребрени и 3 бронзени награди. Главната Grand Prix награда ја доби луксузниот шпански моден бренд LOEWE за проектот „LOEWE x Suna Fujita“.
Во категоријата Innovation Lions, која ги слави револуционерните иновации, технологија и решенија на проблеми, се натпреварувале 231 проект. Стручното жири одлучи да додели осум „лавови“: 1 златен, 2 сребрени, 4 бронзени и главната Grand Prix награда која отиде во рацете на KVI Brave Fund INC и Klick Health Toronto за кампањата „Voice 2 Diabetes“.
Во категоријата Creative Effectiveness Lions, посветена на мерливото влијание на креативноста, биле пријавени 306 проекти. Жирито одлучи да додели 15 награди: 2 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, додека пак Grand Prix наградата му припадна на брендот Heinz Ketchup и агенцијата Rethink Toronto за кампањата „It Has To Be Heinz“.
Од 814 пријавени проекти во категоријата Creative Strategy Lions, само 27 освоија награди: 4 златни, 9 сребрени и 13 бронзени и главната Grand Prix награда која беше доделена за кампањата „A Piece of Me“ од агенцијата Dentsu Creative Amsterdam за клиентот KPN.
Во Creative Business Transformation Lions се пријавиле 271 проект, а жирито одлучи да додели осум лавови: 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени, додека пак Grand Prix наградата ја доби кампањата „Refurb“ од LePub Amsterdam за брендот Phillips.
Во категоријата Creative Commerce Lions се натпреварувале 551 проект, во однос на кои жирито одлучи да додели 19 „лавови“: 4 златни, 5 сребрени и 9 бронзени. Главната Grand Prix награда ја добија брендот Renault и агенцијата Publicis Conseil Paris за кампањата „Renault – Cars To Work“.
На вечерта исто така беа доделени специјалните награди за „Агенциска мрежа на годината“ по поединечни географски региони, и тоа:
Азија: Ogilvy
Европа: Publicis Worldwide
Блиски Исток и Северна Африка: BBDO Worldwide
Латинска Америка: DDB Worldwide
Северна Америка: FCB
Пацифик: BBDO Worldwide
Суб-сахарска Африка: TBWA Worldwide
****
Победниците на Cannes Lions се прогласуваат секоја вечер во текот на фестивалската недела од 17 до 21 јуни 2024 година. Сите финалисти и победници ќе бидат достапни за прегледување на The Work. Дополнителни информации за Cannes Lions се достапни на canneslions.com.