На последната вечер од Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, во петокот беа доделени наградите во преостанатите четири натпреварувачки категории: Film, Glass: The Lion for Change, Sustainable Development Goals и The Dan Wieden Titanium Lions. Во рамки на наградната церемонија беа доделени и специјалните награди за најкреативните агенции, агенциски мрежи и брендови во светот за 2023 година.
„Корпусот на наградени проекти кој произлезе од просториите на жирито го покажува патот напред и ја демонстрира моќта на индустријата да поттикне промени, да гради бизниси и да го обликува општеството. Честитки до сите оние кои влегоа во конкуренција, кои се најдоа во потесниот избор и кои освоија „лав“ на 70-то издание на фестивалот, поставувајќи ги креативните стандарди на глобалната сцена“ – истакна Филип Томас, претседател на LIONS, на последната фестивалска вечер.
Во категоријата Film Lions биле прифатени вкупно 1867 проекти, од кои 49 се враќаат дома со награди – 6 златни, 16 сребрени и 25 бронзени „лавови“, вклучувајќи и две Grand Prix награди за кампањите „Relax, it’s iPhone – R.I.P. Leon“ на Apple и „The Last Photo“ од adam&eveDDB London за ITV X CALM.
Во категоријата Glass: The Lion for Change, што ја слави креативноста што ја менува културата, се пријавиле вкупно 184 проекти, а на церемонијата беа доделени 7 награди: 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени „лавови“, додека пак Grand Prix доби кампањата „Knock Knock“ за Корејската национална полициска агенција, создадена од агенцијата Cheil Worldwide од Јужна Кореја.
Во категоријата The Dan Wieden Titanium Lions, што ја слави провокативната креативноста која ги крши границите и трасира нови развојни насоки во индустријата, биле прифатени вкупно 176 проекти. Притоа, жирито избра да додели 3 титаниумски лавови, додека пак Grand Prix наградата отиде во рацете на австралиската агенција The Monkeys од Сиднеј (дел од Accenture Song) за кампањата “The First Digital Nation” за Владата на островската држава Тувалу.
Специјалната награда Grand Prix for Good, што ја препознава и слави употребата на креативноста за позитивно влијание не само на бизнисите и брендовите, туку и на светот во целина, беше доделена за кампањата “Anne De Gaulle” на агенцијата Havas Paris за клиентот Fondation Anne De Gaulle Association.
Наградата Creative Marketer of the Year ја доби компанијата Anheuser-Busch InBev.
Наградата Lion of St. Mark ѝ беше доделена на Сузан Хофман, генерална креативна директорка на агенцијата Wieden+Kennedy.
Наградата Cannes LionHeart беше прифатена од Тајлер ЛаМор, маркетинг директор на Patagonia за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, во име на основачот на Patagonia, Ивон Шуинард.
Премиерната награда Creative Maker of the Year беше доделена на легендарниот режисер, сценарист, актер и продуцент, Спајк Ли.
За време на наградната церемонија беа објавени уште следните специјални награди:
Креативна компанија на годината
Omnicom
WPP
Interpublic Group
Агенциска мрежа на годината
DDB Worldwide
Ogilvy
BBDO Worldwide
Независна агенциска мрежа на годината
GUT
Wieden+Kennedy
Rethink
Агенција на годината
GUT, Буенос Аирес, Аргентина
Publicis Conseil, Париз, Франција
adam&eveDDB, Лондон, Обединето Кралство
Независна агенција на годината
GUT, Буенос Аирес, Аргентина
Rethink, Торонто, Канада
Wieden+Kennedy, Портланд, САД
„Златна палма“ – Продукциска компанија на годината
Somesuch, САД
SMUGGLER, Обединето Кралство
Biscuit Filmworks, САД
Spoon., Јапонија
Rebolucion, Мексико
Креативен бренд на годината
Apple
Dove
Heineken
Агенции на годината по генерални натпреварувачки категории:
Агенција на годината – Classic
adam&eveDDB, Лондон, Обединето Кралство
Агенција на годината – Craft
Dentsu Inc., Токио, Јапонија
Агенција на годината – Engagement
GUT, Буенос Аирес, Аргентина
Агенција на годината – Entertainment
Wieden+Kennedy, Портланд, САД
Агенција на годината – Experience
GUT, Буенос Аирес, Аргентина
Агенција на годината – Good
McCann Poland, Варшава, Полска
Агенција на годината – Strategy
Ogilvy, Мумбаи, Индија
Независни агенции на годината по генерални натпреварувачки категории:
Независна агенција на годината – Classic
Rethink, Торонто, Канада
Независна агенција на годината – Craft
pgLang, Лос Анџелес, САД
Независна агенција на годината – Engagement
GUT, Буенос Аирес, Аргентина
Независна агенција на годината – Entertainment
Wieden+Kennedy, Портланд, САД
Независна агенција на годината – Experience
GUT, Буенос Аирес, Аргентина
Независна агенција на годината – Good
Howatson+Company, Сиднеј, Австралија
Независна агенција на годината – Strategy
Special, Окленд, Нов Зеланд
***
Повеќе информации за добитниците на награди и за Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions може да се најдат на официјалниот веб-сајт: www.canneslions.com.