На третата вечер од Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions беа објавени победниците во категориите Creative B2B, Creative Data, Direct, Media, PR и Social & Influencer Lions. Исто така беше доделена и престижната награда за „Медиска мрежа на годината“.
За наградите во категоријата Creative B2B Lions, што ја слави креативноста во B2B просторот, се пријавиле вкупно 446 проекти. На наградната церемонија беа доделени 16 награди, и тоа: 2 златни, 5 сребрени и 8 бронзени „лавови“, додека пак главната Grand Prix награда беше доделена на кампањата „Eart4“ од агенцијата AlmapBBDO São Paulo за B3 Stock Exchange и United Nations Global Compact.
Од 418 кампањи кои што се пријавиле во категоријата Creative Data Lions, која го слави поврзувањето на креативните идеи со податоците, беа доделени 15 награди: 2 златни, 5 сребрени, 7 бронзени „лавови“, додека пак Grand Prix наградата беше доделена на „The Artois Probability“, за брендот Stella Artois, од агенцијата GUT Buenos Aires.
Во категоријата Direct Lions, што ја слави таргетираната креативност, се пријавиле вкупно 1939 кампањи, а 60 од нов освоија награди: 10 златни, 19 сребрени и 30 бронзени „лавови“, како и Grand Prix наградата која беше доделена на „Runner 321“ за спортскиот бренд Adidas, од агенцијата FCB Toronto.
Во категоријата Media Lions се натпреваруваа вкупно 1853 кампањи, а жирито додели 60 лавови: 10 златни, 17 сребрени, 32 бронзени, додека пак Grand Prix наградата беше доделена на кампањата “#Turnyourback” од агенциите Ogilvy London и DAVID Madrid за клиентот Dove.
Во категоријата PR Lions се пријавиле 1600 проекти, додека пак 52 од нив добија: 8 златни, 17 сребрени и 26 бронзени награди, како и Grand Prix наградата која беше доделена на кампањата “Self Love Bouquet” за клиентот DoorDash од агенцијата GUT Los Angeles.
Од вкупно 1462 пријавени кампањи во категоријата Social & Influencer Lions, жирито одлучи да додели 49 награди: 8 златни, 15 сребрени и 25 бронзени „лавови“, како и Grand Prix наградата која беше доделена на кампањата “Flipvertising” за технолошкиот гигант Samsung од агенцијата CHEP Network Sydney.
На третата фестивалска вечер на Cannes Lions 2023 беше доделена и специјалната награда за најдобра „Медиска мрежа на годината“. Првото место го освои Mindshare, додека зад нив се најдоа PHD Worldwide и Wavemaker.
Меѓународниот креативен фестивал Cannes Lions се одржува по 70-ти пат во францускиот град Кан, од 19 до 23 јуни. Повеќе информации за фестивалот се достапни на официјалниот веб-сајт canneslions.com.