Најуспешна мрежа на Epica 2019 е McCann Worldgroup, најуспешна агенција е McCann Њујорк, а земја со најмногу освоени награди е Франција.
Жирито составено од стручни медиуми за маркетинг и огласување од целиот свет вчера ги донесе своите последни одлуки за добитниците на овогодишните Епика награди – единствените во комуникациската индустрија кои ги доделуваат новинари кои пишуваат за креативната индустрија, луѓе чија перспектива е многу поширока од онаа на жири кои е составено од креативци и огласувачи, кои креативната индустеија ја оценуваат со сосема специфична објективност.
На свеченото доделување на наградите Епика за 2019 година, синоќа во Амстердам, со највисоки признанија – Epica Grand Prix, нагадени се овие седум креативни комуникациски решенија:
- Гранд При за најдобро дигитално решение
Ogilvy GmbH за клиентот Deutsche Bahn (Германската железница)
- Гранд При за дизајн
McCann Тел Авив за клиентот Икеа Израел
- Гранд При за ПР
Scholz & Friends Berlin GmbH за клиентот The Female Company
- Гранд При за најдобро алтернативно комуникациско решение
Agencija Wunderman Thompson Paris за клиент Le Drugstore Parisien
- Гранд При за решенија управувни со цел
McCann Њујорк за клиент Microsoft
- Гранд При за најдобро принтано решение
Without the whole picture
Agencija Åkestam Holst Noa за клиент Pressbyran/Expressen (ланец на киосци)
- Гранд При за најдобра видео реклама
Daimler AG
Сите добитници на златни, сребрени и бронзени Епика награди за 2019 година можете да ги пронајдете овде.
Најуспешна мрежа на Epice 2019 е McCann Worldgroup, најуспешна агенција е McCann Њујорк, а земја со најмногу освоени награди е Франција.