Синоќа се одржа наградната церемонија на 38-то издание од Epica Awards, славејќи ги најинспиративните креативни проекти во светот од перспектива на професионалните новинари кои ја следат креативната индустрија.
„Нашата индустрија е сè посложена, но изборот на нашите жирирачи уште еднаш докажува дека дури и со пристап до најновата технологија, човечката креативност е она што им дава предност на агенциите и брендовите“ – посочува Марк Тунгејт, уреднички директор на Epica Awards.
Како и секоја година, победниците беа избран по опширен процес на оценување и селекција од страна на уникатното професионално жири составено од новинари што ја следат уметноста на комуникациите или специјализираните домени како дизајнот и технологијата.
Согласно конечните резултати, жирито одлучи да додели 10 Grand Prix награди во осум различни категории, на агенции од Белгија, Германија, Италија, Казахстан, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Проектите наградени со Grand Prix се:
Категорија „ОДГОВОРНОСТ“:
- “Call Glenn”, VML, Child Focus (Белгија)
- “Rights Against the Right”, Jung von Matt AG, Laut gegen Nazis e.V. (Германија)
Категорија „ПР“:
- “The Beko Inheritance”, VML UK, Beko (Обединето Кралство)
Категорија „ИНОВАЦИЈА“:
- “Animal Alerts”, Serviceplan Germany, PetPace (Германија)
Категорија „ДИЗАЈН“:
- “Orchestra Sinfonica di Milano”, Landor s.r.l. (Италија)
Категорија „МЕДИУМИ“:
- “The 100th Edition”, Scholz & Friends Berlin, Frankfurter Allgemeine Zeitung (Германија)
- “The National Sport of Kazakhstan”, GForce/Grey, Ruh Fighting (Казахстан)
Категорија „ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ“:
- “The Co-Worker”, Mother London, IKEA (Обединето Кралство)
Категорија „ПЕЧАТ“:
- “Capa vs. War”, Innocean Berlin, Robert Capa Contemporary Photography Center (Германија)
Категорија „ФИЛМ“:
- “Museum Worthy”, BBDO New York, AICP (Соединети Американски Држави)
Во однос на специјалните награди, титулата „Агенција на годината“ беше доделена на Serviceplan Germany, додека пак титулата „Агенциска мрежа на годината“ ја понесе VML.
„Сум присуствувала на многу наградни настани во мојата кариера покривајќи го медиумскиот и маркетиншкиот простор, но жирирачите на Epica навистина ја разбираат мисијата и се сериозни, артикулирани и информирани критичари во својата област. Тие знаат што придонесува за една кампања да биде успешна и да го привлекува внимание, срцето и умот и знаат кога проектот ја промашува целта или предизвикува премногу прашања“ – посочува претседателката на овогодинешното жири, Клер Аткинсон, новинарка и авторка на реномираниот билтен „The Media Mix“.
Целосната листа на добитници на златни, сребрени и бронзени награди на Epica Awards 2024 е достапна на следниот ЛИНК.