Во рамки на комуникацискиот фестивал „Денови на комуникациите 2023“, кој што изминатиов викенд се одржа во хрватски Ровињ, беа доделени и наградите IdejaX, Effie и MIXX за најдобри комуникациски остварувања на хрватскиот пазар.
IdejaX претставува национален натпревар во креативност кој во последните 13 години на едно место ги собира хрватските агенции кои се натпреваруваат со нивните креативни идеи. Како најкреативни хрватска агенција на овогодишното издание на IdejaX беше прогласена агенција Imago Ogilvy, додека пак хрватскиот бренд на кондиторски производи Kraš беше прогласен за најдобар огласувач на годината.

Според освоениот број на поени за најуспешни агенции, по Imago Ogilvy, следуваат: Bruketa&Žinić&Grey, Studio Sonda, Señor, Design Bureau Izvorka Jurić, McCann Zagreb, MinusMinus Agency, Studio Tumpić/Prenc, Utorak, Odjel Marketinga HNK Hajduk, Šesnić&Turković, Šanavala, BBDO Zagreb и Lesles.
Целосната листа на наградени кампањи на IdejaX 2023, по категории, може да се погледне на следниот линк.
На новото издание на фестивалот „Денови на комуникациите“ беа објавени победниците и на наградите Effie Croatia, коишто ја слават ефикасноста на маркетиншките комуникации. Имено, статуетките во ова натпреварување им се доделуваат на најдобрите агенции и огласувачи за нивната извонредна пазарна комуникација во сегментите на креативност, стратегија и постигнати пазарни резултати во текот на изминатата година.
Добитници на Grand Prix и златната награда на Effie Croatia 2023 се огласувачот Jadran Galenski Laboratorij и агенцијата Utorak. Biro za propagandu. за нивниот проект “OŠ I EFFIE STAVIT U NOS?” во соработка со агенцијата PHD Media во категоријата “Health”.

Останатите добитници на сребрени и бронзени награди на Effie Croatia 2023 може да се погледнат на следниот линк.
Веќе тринаесетта година по ред MIXX и IAB Croatia исто така ги доделија наградите за најдобрите дигитални кампањи и дигитални алатки/платформи во пазарните комуникации во Хрватска.
Наградите MIXX ги вреднуваат креативноста, стратегијата, перформансите, употребата на медиумите и постигнатите резултати во дигиталната сфера, а токму по овие критериуми стручното жири ја додели највисоката награда “Best in Show” за кампањата “V za vaginu” на оласувачот Essity Austria и агенцијата 404.

Покрај главната награда беа доделени уште 14 награди, во различни категории, чиј што носители може да се погледнат на следниот линк.
Честитки до сите победници, како и до организаторите на наградите IdejaX, Effie, MIXX, а секако и фестивалот „Денови на комуникациите“ кои ги обединија сите на едно место!