Маркетинг мрежа ги награди организациите, компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи на шестиот фестивал за интегрирани комуникации КАКТУС 2020. Оваа година за наградите конкурираа дури 172 проекти.
Кампањата „Важни се годините“, која ја осмисли и реализира агенцијата Leo Burnett за клиентот Vip Mobile, прогласена е за интегрирана кампања на годината – Гранд При. Оваа кампања освои награда и во категоријата Cross media интегрирана кампања. Агенцијата Leo Burnett и Vip Mobile освоија награда и во категоријата Execution – Дизајн за проектот “Zzzuper prepaid“.
Со две награди, 10 финалисти и награда Гранд При, Vip Mobile четврта година по ред е прогласена за Огласувач на годината.
Агенцијата Ovation BBDO, со осум финалисти и три награди, прогласена е за Агенција на годината. Ovation BBDO освои награда и во категоријата Поединечни кампањи – Интерни комуникации за кампањата “Нектар химна – Не е сеедно”, како и во категориите Поединечни кампањи – Video и Brand awarness интегрирана кампања, за кампањата “Munchmallow brend film – Приказна за себе“, која е направена за клиентот Jaffa Crvenka.
Агенцијата New Moment New Ideas Company беше крунисана со две награди – во категоријата Поединечни кампањи – Настан, за кампањата „SNEAKERVILLE“ (клиент: Sport Vision) и во категоријата Поединечни кампањи – Инфлуенсер маркетинг, за кампањата „Telenor & Whatifness“, направена за клиентот Telenor Serbia.
Saatchi&Saatchi Белград и Театар Пуж освоија две КАКТУС награди за кампањата “ChaTheater” и тоа во категориите Поединечни кампањи – Mobile и Content marketing.
Во категоријата Поединечни кампањи – TV, награда освои IKEA Србија за кампањата “Флека”, додека заедно со агенцијата SIVO, во категоријата Поединечни кампањи – BTL, освоија признание за кампањата “IKEA Sleeping Festival”.
Represent Communications и The Coca-Cola Company освоија награда во категоријата Поединечни кампањи – ПР, за кампањата “Да бидеме =”. Проектот “Лансирање Tuborg Xmas Brew вкус“, кој го реализаираа агенцијата Executive Group и Carlsberg Србија, освои признание во категоријата Поединечни кампањи – Social Media.
Banca Intesa е наградена за проектот “Смарт роковник” во категоријата Поединечни кампањи – Media, а во категоријата Outdoor награден е Mercator-S за кампањата “Веруваме во идеи – Нови Сад 2020“. Popular Communications и Jaffa Crvenka се наградени за проектот „1.000 благодарам“ во категоријата Директен маркетинг, а Tuna Fish Studio ја однесе победата во категоријата Execution – Продукција, за кампањата „Лело“.
Најдобра Профитна интегрирана кампања оваа година е „Плазма ритуали“ на компанијата Бамби, а најдобра Општествено одговорна интегрирана кампања е „Quattro 2020“ на компанијата Фриком. Најдобра интегрирана дигитална кампања е „Дијамант – во се` се меша“ на агенцијата Žiška и компанијата Дијамант.
Luna\TBWA Белград и Pivara Trebjesa – Nikšićko pivo се наградени за кампањата „Никшичко пиво – регионална кампања –“Amo popit po pivo“ во категоријата Интегрирана кампања креирана за странски пазар, додека Mondelēz International е награден во категоријата Адаптирана меѓународна интегрирана кампања за проектот “Milka Goodness”.
Агенцијата McCann Белград наградена е во категоријата Посебно признание LOCKDOWN интегрирана кампања за проектот “Thank you, doctors”.
За тоа кој ќе ги добие овогодишните награди КАКТУС, одлучуваше стручно жири составено од признати и угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции и продукциски куќи од Србија и регионот.
Жири комисијата од Србија оваа година ќе работи во состав: Ана Шутиќ, Creative Director, New Moment New Ideas Company; Џорџе Јанковиќ, Chief Creative Business Designer, New Startegy; Горан Јанкулоски, Managing Partner, Žiška; Јелена Драгишиќ, Head of Creative, LUNA\TBWA; Јосип Модли, Partner / Chef de la création, Fried; Леа Станковиќ, Executive Director, Communis DDB; Лидија Миловановиќ, Associate Creative Director, McCann Белград; Марко Вулиновиќ, Creative Director, Real Grupa Белград; Мирослав Миљеновиќ, Creative Director, SIVO; Немања Станковиќ, Creative Director, Executive Group; Предраг Симиќ, Creative Director, Leo Burnett; Тамара Јокановиќ, Managing Director, Represent Communicatios и Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO.
Регионалното жири оваа година го сочинуваат: Давор Брукета, Chief Creative Officer & Co-Chairman, Bruketa&Žinić&Grey (Хрватска); Дејан Шијук, Creative Director, Aquarius (БиХ); Домагој Давидовиќ, Founding Partner & Creative Strategist, Švicarska (Хрватска); Илинка Црвенковска, Creative Director, Idea+ Communications (Македонија); Иван Таниќ, Creative Director, Saatchi&Saatchi Загреб (Хрватска); Иван Тушек, Head of Creative, Degordian (Хрватска); Јуре Коренч, Creative Director, Agencija 101 (SLO); Јурица Ќорлука, Head of Creative, Señor (Хрватска); Лана Бедековиќ Росандиќ, Owner & Managing Director, Alert (Хрватска); Милена Мијатовиќ, Founder & Managing Director, MINT Бања Лука, (БиХ); Мирка Модриниќ, Creative Director, Pristop (Словенија); Роберт Бохинец, Creative Director, Futura DDB (Словенија) и Урош Горичан, Creative Director, Herman & partners (Словенија).
Наградата KAKTUS Talents ја освои тимот SAGA, кој го сочинуваа Сара Радовиќ и Стефан Гајиќ од агенцијата Direct Media United Solutions.
Квалитетна програма на фестивалот КАКТУС 2020
Како и минатата година, KAKTUS 2020 им понуди на учесниците квалитетна и разновидна конференциска програма од различни области на интегрирани комуникации. Меѓу главните предавачи оваа година беа: Renato Zandoná, Executive Creative Director, AKQA, São Paulo; Joao Flores, Chief Creative Officer, Dentsu Aegis Network Singapur; Sandra Bold, Global Creative Director, Publicis Italia и Elav Horwitz, SVP Global Innovation Director, McCann Worldgroup NewYork.
За време на трите денови квалитетна онлајн програма, на учесниците на фестивалот им се претставија и Chris Mccarty, Head of Creative Strategy, The ZOO, Google (Франција); Bruno Luglio, Creative Director, Spotify (САД); Raj Pathmanathan, Creative Director и Jelena Stošić, Strategy Director, Kids Industries the family agency, London (Велика Британија); Bruno Regalo, Creative Director / Head of Art & Design, TBWA\Chiat\Day, Los Angeles (САД); Will Rust, Founder, Stupid Ideas (Данска); Andrea Henao, Partner & Managing Director, 360 Agency Berlin; Santi Urso, Creative & Art Director, Saatchi & Saatchi (Австралија); Ana Anđelić, Strategy Executive & Author of The Business of Aspiration, (Њујорк); Saymon Medeiros, Senior Art Director, Wunderman Thompson, Dubai (Обединети Арапски Емирати); Dawid Szczepaniak, Chief creative officer & Partner, VMLY&R, (Варшава); Folker Wrage, President, Leavingstone International, (Грузија); Dimitris Tsoutsos, Head of Strategy, Publicis Groupe, (Грција) и Jan de Jong, Co-founder & Managing Partner, Webpower Adria (Хрватска). На првиот и вториот ден беше организирана панел-дискусија на тема “Innovation hype“ (powered by Delta Holding).
Третиот фестивалски ден започна со промоција на второто издание на ADBOOK, под слоганот „The power is in you!“ и премиера на првиот долгометражен документарен филм за развојот на рекламната индустрија во Србија, насловен како „Креативен ген“.
Ова е првиот долгометражен филм за струката направен во Србија. Филмот беше снимен од страна на порталот Маркетинг мрежа, во соработка со агенцијата Real Grupa RGS и LCF Продукција, додека визуелното решение на филмот го потпишува агенцијата Ovation BBDO.
Повеќе информации за фестивалот можете да пронајдете на сајтот https://kaktus.rs/