“Маркетинг мрежа“ синоќа им додели награди на организации, компании, институции и агенции за најдобрите и најпрофесионалните индивидуални и интегрирани кампањи на седмиот фестивал за интегрирани комуникации КАКТУС 2021. За наградите годинава се натпреваруваа дури 230 проекти.
Кампањата „Сениори – имам минута“, која ја креираше и реализираше агенцијата Leo Burnett за клиентот A1 Srbija, прогласена е за Интегрирана кампања на годината – Гранд При. Оваа кампања освои награда и во категориите Профитна интегрирана кампања и Поединечна кампања – Радио. Агенцијата Leo Burnett и A1 Србија освоија награди и во категориите Поединечни кампањи – Принт и Brand awareness интегрирана кампања за проектот “A1 Launch”. Кампањата “Интерна комуникација за ребрендинг на Vip mobile во A1” која ја реализираше агенцијата TACK TMI ADRIA освои награда во категоријата Поединечни кампањи – Интерни комуникации.
Со вкупно пет добитници, 15 финалисти и Гранд При награда, компанијата А1 Србија петта година по ред е прогласена за Огласувач на годината. Агенцијата Leo Burnett, со 10 финалисти, четири добитници и Гранд При награда, прогласна е за Агенција на годината.
Ovation BBDO освои награда во категориите Execution – Продукција за кампањата “Телеком Србија – Тука каде што сте вие“ и Адаптирана меѓународна интегрирана кампања за проекот “Breaking Barriers”, која што ја реализираше за клиентот Converse Srbija.
Агенцијата New Moment New Ideas Company крунисана е со две признанија – во категориите Општествено одговорна интегрирана кампања и Cross media интегрирана кампања за проектот “Нескршливи” за фондацијата Хемофарм.
McCann Белград освои три KAKTUS награди и тоа во категориите Поединечни кампањи – ПР за кампањата “Музика насекаде“ за Белградска филхармонија, Поединечни кампањи – Медиа за кампањата „Што не` стега“ и Иновативна интегрирана кампања за проектот “neXt Joy Само пробај! 2.0” за компанијата The Coca-Cola Company.
Во категоријата Поединечни кампањи –ТВ, награда освои агенцијата Jazavac i Utorak за кампањата “ReMix Knjaz – 100% mi smislili”, додека агенцијата Fullhouse Ogilvy е крунисана со признание во категоријата Поединечни кампањи – Event за проектот Coca-Cola Hellenic Kickoff event.
Агенцијата Žiška освои признание во категориите Поединечни кампањи – Content marketing за кампањата “Munchmallow 40 слатки години” за компанијата Jaffa Crvenka и Employer branding интегрирана кампања за кампањата “Искрен оглас”, реализирана за Infostud.
LUNA\TBWA Белград и Никшичко пиво освоија награда во категоријата Интегрирана кампања креирана за друг пазар за проектот “Ваму да чистиме”. Señor Hrvatska и WWF Adria освоија награда во категоријата Дигитална интегрирана кампања за проектот “Губитници”.
Во категоријата Execution – Дизајн, награда освоија Браќа Буразери и Jaffa Crvenka за кампањата Munch 40. POM POM Communications и Grand kafе освоија награда во категоријата Директен маркетинг за кампањата Grand Single origin шоља.
Во категоријата Поединечни кампањи – Outdoor, наградата им припадна на агенцијата Friday Finally и Alma Quattro за кампањата “Лицата на овај град”. Најдобра кампања во категоријата Поединечни кампањи – Influence marketing е кампањата “Frikom Macho Explainer” на агенцијата T&T Brand Factory и Frikom. Кампањата “Кога ќе бидеш подготвена” на агенцијата Direct Media United Solutions и Alma Quattro освои награда во категоријата Поединечни кампањи – Видео. Xiaomi Србија освои награда во категоријата Поединечни кампањи – Social Media, за проектот “Покажи ни кој те замара за Xiaomi!”
Стручното жири, кое го сочинуваа признати и почитувани професионалци од компании, креативни, ПР, дигитални агенции и продукциски компании од Србија и регионот, одлучи кој ќе ги добие овогодинешните КАКТУС награди.
Жири комисијата со претставници од Србија беше составена од: Александар Ружесковиќ, Marketing Director, Forma Ideale; Ѓорѓе Јанковиќ, Managing Partner & Creative Director, Friday; Горан Рушкуц, Creative Director, Communis DDB; Игор Милјковиќ, Head Of Production, dme.video; Иван Вестервеен, Creative Director, Saatchi&Saatchi Belgrade; Љубица Вукчевиќ, Head Of Data Analytics & Insight, Direct Media United Solutions; Марко Свирчевиќ, Art Director, Luna\TBWA Belgrade; Mилена Џориќ Гудориќ, Head of Marketing, Mastercard; Наташа Шарчевиќ, Marketing & Innovation Director, Atlantic Štark; Нина Елезовиќ, Public Affairs & Communication Manager Serbia and Montenegro BU, Coca-Cola HBC; Тања Васојевиќ, Communications Director, Delta Holding; Вељко Голубовиќ, Executive Creative Director, New Moment New Ideas Company; Владимир Ќосиќ, Creative Director, Represent Communications; Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO и Здравко Кеврешан, Associate Creative Director, Drive Agency.
Регионалното жири оваа година го сочинуваа: Ана Лозица, Creative Director & First Lady (Хрватска); Ана Марија Малиќ, Brand Communication Director, Degordian (Хрватска); Андреј Крајнер, Communications Director, NLB Group (Словенија); Барбара Рандиќ, Head Of Marketing Communication & PR Adriatic, Renault Nissan (Словенија); Блаж Вук, Creative Director, Pristop (Словенија); Дарко Боснар, Creative Director, Imago Ogilvy (Хрватска); Ирена Шарич Домбај, Corporate Communications Director, L’oreal (Хрватска); Лука Бајс, Executive Creative Director, Shift Agency (Словенија); Маја Наумовска Савеска, Head Of Corporate & Marketing Communications, Halkbank Skopje (Македонија); Марија Јакељиќ, Marketing Director, Croatia Osiguranje (Хрватска); Матјаж Герм, Creative Director, Agencija 101 (Словенија); Наташа Митровиќ, CEO & Co-Founder, Konteent Media (Босна и Херцеговина); Тончи Клариќ, Co-Founder & Creative Director, Spellcaster (Хрватска); Викторија Радојевиќ Мавриќ, Executive Director Of Marketing And Development, Mercator Group (Словенија) и Звонимир Секи, Chief Marketing Officer, Franck (Хрватска).
Наградата KAKTUS Talents (powered by A1 Srbija) ја освои тимот Different think, кој беше составен од Јелена Добрковиќ и Стефан Митровиќ од агенцијата New Moment New Ideas.
Повеќе информации за фестивалот можете да пронајдете на сајтот https://kaktus.rs/