(РЕГИОН) – Синоќа во Порторож, на првиот ден од семинарот за медиски трендови SEMPL, на свечена манифестација беа прогласени победниците во вкупно шест категории од натпреварувањето Sempler.
Словенските агенции се апсолутни победници на овогодинешното издание на фестивалот освојувајќи награди во сите категории.
Гранд При наградата, или Grand Sempler за најдобра медиска стратегија во 2014 година им припадна на агенциите Пристоп, Пристоп Медиа и Renderspace за проектот “Zlatko – living life“.
Овој проект освои уште 2 награди, во категоријата D – најдобра искуствена акција и категоријата E – најдобар избор на дигитално опкружување.
Наградите во категориите A – стратешка примена на медиа миксот и F – најдобра акција на социјалните мрежи им припаднаа на агенцијата Omnicom Media Group за проектот TWINGOGIRLS.
Наградата во категоријата B – иновативна примена на комуникациски канал замина во рацете на агенциите Pristop и Pristop Media за проектот RADIO SHOW ON THE ROOF, додека пак на “Agencija 101“ им припадна семплерот во категоријата C – најдобро таргетирана акција за кампањата PREGGY MG.
Од вкупно 65 пријавени проекти, во финалето се пласираа дури 22 од Словенија и 4 од Србија.